Мицкоски: Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште
- Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на својот фејсбук профил порача дека очекува убедлива победа на претстојните локални избори на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Сопиште, Јане Мицевски.
Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на својот фејсбук профил порача дека очекува убедлива победа на претстојните локални избори на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Сопиште, Јане Мицевски.
-Денеска присуствував на промоцијата на кандидатурата на Јане Мицевски за градоначалник на Општина Сопиште, како и на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште, напиша Мицкоски.
Ветуваме, додаде, реализација на многу проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата, ќе создадат нови можности за младите и ќе придонесат за економски развој и модернизација на општината.
-Заедно, со посветеност и транспарентност, ќе изградиме Сопиште какво што сите го посакуваме. Јане Мицевски е вистинскиот избор за Сопиште, истакна Мицкоски на својот фејсбук профил.вј/
Фото: Фејсбук Мицкоски