• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: Намалување на даноците ќе има, но и субвенции за мултинационалните компании што ќе ја консолидираат добивката во земјава

Мицкоски: Намалување на даноците ќе има, но и субвенции за мултинационалните компании што ќе ја консолидираат добивката во земјава

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Намалување на даноците може да се очекува, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски. Прв чекор во овој правец, рече, ќе биде данокот на добивка. Тој инфомрира и дека ќе добијат субвенција сите мултинационални компании што планираат добивката од 50 милиони евра плус да ја консолидираат во земјава. 

-Апсолутно. Во периодот што следи ја анализираме и таа појава. Ние кажавме, и тоа е дел од нашата програма, дека ќе се стремиме кон намалување на даноците, но да го видиме приходот оваа година каков ќе биде во Буџетот. Прв чекор за намалување на даноците ќе биде оној данок на добивка што се плаќа сега и сите мултинационални компании што планираат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра плус, ќе добијат субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5 проценти. Ако сега беше до 10 проценти фиксна, во овој случај ќе биде до пет отсто. Затоа, ги повикувам сите македонски компании што соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат во Македонија и веднаш откако ова ќе биде изгласано, да можат тие да го консолидираат бизнисот тука. Тоа ќе значи повеќе ликвидност за македонската економија и повеќе пари по основ на данокот на добивка во Буџетот, нагласи Мицкоски.

Според Мицкоски, телото ќе се формира на некоја од претстојните владини седници.

Во врска со предвидените 250 милиони евра унгарска помош за општините, премиерот објасни дека се поврзани со одредени критериуми. Повтори дека за нив ќе има посебни сметки на кои општините ќе ги добиваат парите сукцесивно, за секоја фаза од проектот, откако ќе достават соодветна правна докуиментација.

-Овие 250 милиони евра што ќе бидат наменети за општините се практично поврзани со критериум што е определена сума поврзана со бројката на население од податоците од последниот попис и сигурни сме за успешноста на проектот. Граѓаните имаат потреба од проекти што ќе одговорат на нивните потреби – нови улици, булевари, канализациони системи, водоводи, училишта, градинки онаму каде што се потребни. Условот е општините да конкурираат со проекти кои имаат одобрение за градење или одобрение за реконструкција зашто ако ги дадете парите на идеја и тие пари за да се реализираат стојат на сметката, а истовремено на пазарот позајмувате пари, а вашите пари стојат на сметка, нема логика да трошите пари од граѓаните. Затоа, велам, ќе има посебни сметки секоја општина за посебен проект и тие таму ќе бидат плаќани по ситуација, по аванс откако општината ќе достави проект со одобрение за градба или одобрение за реконструкција и општината ќе ја спроведе практично јавната набавка, објасни Мицкоски.

За неразвојните индустриски зони, напомена, е предвидена сосема друга програма која ќе оди преку Бирото за регионален развој. мч/ац/

фото/видео: МИА

 

Остани поврзан