Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари
- Премиерот Христијан Мицкоски вели дека културата останува еден од врвните приоритети на Владата и нагласи дека за годинава буџетот е зголемен за половина милијарда денари.
Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека културата останува еден од врвните приоритети на Владата и нагласи дека за годинава буџетот е зголемен за половина милијарда денари.
- Оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е приближно некаде 25 милиони евра, средства што ќе бидат распределени во културата - рече во одговор на новинарско прашање за тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата. сст/дма/
Фото МИА архива