• четврток, 21 ноември 2024

Мицкоски и Андоновски ќе го означат почетокот на изработката на Националната ИКТ стратегија

Мицкоски и Андоновски ќе го означат почетокот на изработката на Националната ИКТ стратегија

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска ќе го означат почетокот на изработка на Национална стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој во државата - Националната ИКТ стратегија.

Како што најави владината прес-служба, по средбата на премиерот Мицкоски и министерот Андоновски, во 12:30 часот ќе се одржи заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан