• недела, 22 декември 2024

Национална конференција „Здравствени политики за сите: Зајакнување и поддршка на девојките, жените и ранливите групи“

Национална конференција „Здравствени политики за сите: Зајакнување и поддршка на девојките, жените и ранливите групи“

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување организира Национална конференција „Здравствени политики за сите: Зајакнување и поддршка на девојките, жените и ранливите групи“.

На конференцијата, според организаторите, свои поздравни обраќања ќе имаат д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација во Северна Македонија и шеф на канцеларијата во државата, Јовица Андовски – заменик Министер, Министерство за здравство, Александар Кржаловски – национален тим лидер на Програмата Цивика Мобилитас и директор на МЦМС и Румена Ѓердовска-Којчески, претседателка на ХЕРА.

Меѓу панелистите на конференцијата ќе бидат претставници од партнерските организации на ХЕРА - Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, кои ќе ги презентираат препораките и наодите од Анализата на четири владини превентивни програми и економските анализи за истите.

На конференцијата, исто така, ќе се обратат и пратеници од Собранието на Северна Македонија, кои истовремено се дел и од Комисијата за здравство, Рашела Мизрахи, Венко Филипче, Илир Хасани и Беким Сали.

Конференцијата е во рамки на проектот „Унапредување на здравствените права на девојките, жените и ранливите групи“, поддржан од швајцарската Влада преку програмата ЦИВИКА Мобилитас. нд/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан