• понеделник, 20 мај 2024

Мицкоски: Да ја вратиме државата на народот, а потоа и да ја трансформираме

Мицкоски: Да ја вратиме државата на народот, а потоа и да ја трансформираме

Скопје, 20 април 2024

Луѓето се обединуваат околу промените, а потоа сето она кое го изгубивме во изминативе 6 и половина години ќе треба да го надоместиме, да го исправиме,  да ја трансформираме Македонија, да ја направиме повторно горда и повторно твоја. За тоа да се случи потребна е поддршка од граѓаните, победата треба да е историска со 61 пратеник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Пехчево.

Мицкоски посочи дека некои овие зборови за 61 пратеник ги извртуваат за да го направат анти Албанец, но им порача дека не е анти Албанец, туку анти криминалците од ДУИ како Али Ахмети, Артан Груби и сличните.

- Кога велиме 61 пратеник мислиме да имаме стабилна влада која ќе ја трансформира Македонија, влада која ќе ги исправи сите погрешни политики од изминативе 6 и половина година. Планираме да ја развиваме државата. Мора да ја вратиме надежта кај граѓаните. Затоа е важно оваа порака на национално единство да ја рашириме низ Македонија. За национално обединување, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на претседателските избори има две опции, од една страна Стево Пендаровски кој е претставник на артаноидидниот режим, измеќар на Али Ахмети и 5 години никаде го нема и ги ужива сите привилегии на Водно од каде најубаво му е да каже дека Гоце Делчев е Бугарин и дека ако не бил претседател ќе се отселел.

- Од другата страна е професорката Гордана Силјановска Давкова која е жена борец, патриот, и изминативе 4 години во Парламентот покажа дека се бори за своите принципи и со аргументи ги брани македонскиот национален интерес и идентитет. И не само од Македонија туку и надвор таа е борец за македонскиот народ и Македонија изјави Мицкоски.

Мицкоски воедно истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е направена преку консултации со граѓаните и таму има за секого и за сите општини.

- Од вас зависи каква ќе биде иднината, да се обединиме и мобилизираме и да ја рашириме пораката за горда и твоја Македонија да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова, и за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да може да ја трансформираме Македонија, потенцираше Мицкоски.


Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан