• петок, 02 јануари 2026

Мирна новогодишна ноќ во Кочани

Мирна новогодишна ноќ во Кочани

Кочани, 1 јануари 2026 (МИА) - Мирно помина новогодишната ноќ во Кочани, без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, без приведување лица со преголема количина на алкохол  во себе, само со приведено едно лице за сообраќаен прекршок.

Во Општата болница со проширена дејност, во службата за Итна медицинска помош биле прегледани вкупно 26 лица.

Кај ниту еден  пациенти не биле евидентирани симптоми поврзана со новогодишната прослава. Укажана била помош на едно лице со полесна телесна повреда добиена во физичка пресметка.

Во кочанската општа болница не биле регистрирани случаи на алкохолна интоксикација.

На Гинеколошко-акушерското одделение немало породувања, па Кочани ќе го почека првото новороденче во 2026 година.

Од СВР Штип – ОВР Кочани соопштија дека во текот на ноќта било лишено од слобода едно лице поради опасно однесување во сообраќајот, откако се движело во спротивен правец на кружен тек и по една од градските улици.

Мирна новогодишна ноќ регистрирала и Територијалната противпожарна единица Кочани, која немала интервенции. ис/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан