• петок, 12 јули 2024

Миовски му се приклучи на Абердин

Миовски му се приклучи на Абердин
Абердин, 22 јули 2022 (МИА) – Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација Бојан Миовски денеска му се приклучи на шкотскиот премиерлигаш Абердин и го имаше првиот тренинг со новите соиграчи откако ја доби потребната работна виза. - Тој е конечно тука…и веднаш на работа, соопшти попладнево Абердин, објавувајќи на својот Твитер профил фотографија од тренинг сесијата на Миовски по приклучувањето кон тимот. Миовски ова лето го засили шкотскиот прволигаш од редовите на унгарски МТК за 650.000 евра. ег/фф/

Остани поврзан