По три сребрени и бронзени медали за македонските таеквондисти на „Скопје опен-Рамус 2026 Г1-Е1“
- Македонските таеквондисти во кадетска и јуниорска конкуренција освоија три сребрени и исто толку бронзени медали на Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен – Рамус 2026“ од серијата Г1 – Е1.
Скопје, 5 април 2026 (МИА) – Македонските таеквондисти во кадетска и јуниорска конкуренција освоија три сребрени и исто толку бронзени медали на Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен – Рамус 2026“ од серијата Г1 – Е1.
Со сребра се закитија: Душица Бреслиева, Ведрана Тунески и Ненда Целески.
Бронзени медали освоија: Теодор Стојановски, Антонио Негријевски и Дамјан Василевски.
Денес на турнирот во СЦ „Борис Трајковски“ настапуваат сениорите.
На турнирот учествуваат околу 1.000 натпреварувачи од 41 држава. зс/
Фото: ФБ Скопје Рамус 2026