• четврток, 23 мај 2024

Минск: Полски хеликоптер го наруши воздушниот простор на Белорусија, Варшава демантира

Минск: Полски хеликоптер го наруши воздушниот простор на Белорусија, Варшава демантира

Варшава, 28 септември 2023 (МИА) - Белорусија денеска соопшти дека полски хеликоптер го нарушил нејзиниот воздушен простор, што подоцна беше демантирано од Варшава.

„Околу 15 часот и 20 минути, леталото ја премина границата на Република Белорусија и навлезе до 1,5 километар“ во белорускиот воздушен простор, објави Министерството за одбрана на Белорусија на својот профил на Телеграм.

Во 16 часот и 22 минути хеликоптерот повеќепати ја повреди државната граница, на длабочина до 300 метри, соопшти Министерството.

Белорусија соопшти дека како одговор на тоа го пресретнала хеликоптерот.

Полска, пак, демантира. Официјална Варшава соопшти дека ниту еден нејзин хеликоптер не го нарушил воздушниот простор на Белорусија.

- Оперативната команда недвосмислено ги демантира овие извештаи. Ниту еден од полските хеликоптери не преминал во воздушниот простор на Белорусија, изјави портпаролот на Оперативната команда на полските вооружени сили. ссм

фото: архива/

Остани поврзан