• петок, 25 октомври 2024

Министрите за одбрана на НАТО во очекување да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина

Министрите за одбрана на НАТО во очекување да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина

Брисел, 14 јуни 2024 (МИА) - Се очекува министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина - на вториот ден од нивниот состанок во Брисел, јави ДПА, повикувајќи се на свои извори.

Досега, сојузниците ја координираа својата поддршка за поранешната советска република преку неофицијална контакт група предводена од САД. Земјите од НАТО разговараат за префрлање на одговорноста на официјалните структури на алијансата.

Се очекува министрите за одбрана денеска да го одобрат планот за формирање мисија на НАТО за безбедносна помош и обука во Украина. Ова ќе и овозможи на алијансата да започне формално да ја координира воената помош за земјата нападната од Русија.

Формирањето на мисијата вчера веќе беше одобрено на пониско ниво, велат извори на ДПА. зш/

Остани поврзан