• среда, 17 април 2024

Министерство за здравство: Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести

Министерство за здравство: Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Д-р Александар Петличковски не е сменет од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести, информира Министерството за здравство.

-Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да ја извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација, посочуваат од Министерство за здравство.

Дел од медиумите денеска објавија дека новиот министер за здравство Илир Демири го разрешил Петличковски од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести. вј/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан