• четврток, 19 март 2026

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Министерствто за транспорт денеска објави јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Во согласност со планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а другите 50 за општините.

Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача  30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци. 

Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.

Според Министерството за транспорт, набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина, како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и другите општини. Покрај еколошките придобивки, укажува дека набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија.

- Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција  испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги - соопшти Министерството за транспорт. 

Јавниот повик е објавен на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и може да се види на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1

лв/вј/

 

фото: МИА архива 

Остани поврзан