• петок, 22 ноември 2024

Министерството за надворешни работи на Грција ја поздравува најавата за прекинот на огнот во Либија

Министерството за надворешни работи на Грција ја поздравува најавата за прекинот на огнот во Либија
Атина, 21 август 2020 (МИА) - Грција ја поздравува денешната најава за прекин на огнот во Либија, со надеж дека ќе биде позитивен прв чекор за изнаоѓање политичко решение преку национално помирување, слободни и фер избори под меѓународен надзор што ќе обезбедат мир, стабилност и целосна независност за либискиот народ, чии праведни очекувања сега мора да бидат исполнети, соопшти грчкоро Министерство за надворешни работи за прекинот на огнот во Либија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, од грчкото МНР велат дека Грција силно поддржува решавање на либиската криза врз основа на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и заклучоците од Берлин за ослободување на земјата од странски интервенции, но и дека земјата е подготвена, „конструктивно да придонесе за иднината на Либија и нејзините соседи во Источниот и Централниот Медитеран, врз основа на меѓународното право и долгогодишното пријателство меѓу грчкиот и либискиот народ“. - Ги повикуваме сите страни да инвестираат во овој обид, за да се обезбеди слободата, суверенитетот, територијалниот интегритет и реконструкција на Либија во корист на сите Либијци, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција. ср/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан