• петок, 22 ноември 2024

Министерот Љутков во посета на Плаошник

Министерот Љутков во посета на Плаошник

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денеска престојува во Охрид каде ќе се обрати на отворањето на 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Како што соопшти Министерството за култура и туризам, министерот Љутков ќе го посети Плаошник, заедно со градоначалникот Кирил Пецаков и в.д. директорите на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева и на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид, Горан Патчев. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан