• вторник, 14 јануари 2025

Министерот Перински на средба со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион 

Министерот Перински на средба со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион 

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Златко Перински со денешниот состанок со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион, ја заокружи серијата состаноци со сите градоначалници.

- Задоволен сум што во кратко време успеав да остварам лични средби со сите градоначалници од кои изворно можев да се информирам за функционирањето на секоја општина. Градоначалниците секојдневно се соочуваат со предизвици и Владата и јас како министер за локална самоуправа имаме план како преку соработка да ги подобриме работите. Го остваруваме ветувањето за голема финансиска поддршка на капитални проекти во општините, затоа што тоа им е потребно на граѓаните, рекол Перински, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

На состанокот било истакнато дека иако Североисточниот плански регион, според степенот на развиеност е најнеразвиен, општините во регионот имаат потенцијал за развој и поддршката од Владата им е неопходна за да реализираат капитални проекти кои што решаваат важни прашања за граѓаните, но се и во функција на локалниот развој. Станува збор, се посочува во соопштението, за плански регион што има потенцијал за рурален развој, за развој на туризам, како и за развој на мали бизниси.

- Потребно е инвестирање во патната и во комуналната инфраструктура заради создавање на примарни услови за побрз економски развој. Затоа, беше речено, општините многу сметаат на поддршката од Владата, а тоа е и силна мотивација за подготовка на проекти кои што ќе бидат финансирани во континуитет, се вели во соопштението.

Претставниците на локалните власти најавиле дека Општина Кратово ќе аплицира со проект за реконструкција на локален пат од Кратово до село Близанци, а Општина Липково со два проекта, за регулација на речно корито во водотек, Голем Дол во населено место село Оризари и со основен проект за реконструкција на атмосферска вода и регулација на пешачките патеки со бехатонски плочки во село Матејче.

Министерот Перински ги охрабрил градоначалниците дека нема да бидат оставени сами.

- Министерството за локална самоуправа ќе воспостави ресурсен центар кој што ќе биде поддршка на општините во подготовката на проекти, како и за зајакнување на нивните капацитети за подобро и поефикасно вршење на работите од нивна надлежност, рекол Перински. цр/нд/

Фото: Министерство за локална самоуправа

 

Остани поврзан