• вторник, 14 јануари 2025

Гаши се сретна со специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Ерик Матиасен

Гаши се сретна со специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Ерик Матиасен

Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Ерик Матиасен. Двајцата соговорници ги поздравиле одличните политички односи и пријателство, нагласувајќи дека тие се допoлнително зајакнати и преку членството во НАТО.

На средбата, како што соопштија од Собранието, присуствувала и нерезидентната норвешка амбасадорка, Кристин Мелсом.

-Претседателот Гаши истака дека назначувањето на специјален пратеник за Западен Балкан го покажува интересот кој норвешката влада го посветува на регионот. Тој се заблагодари и за силната поддршка што Норвешка, која иако не е членка на ЕУ, поради својата тесна поврзаност со Унијата, ја дава за европските аспирации на Република Северна Македонија, потенцираат од Собранието.

На средбата исто така биле разменети мислења и за придвижување на пристапниот пат на државата, со оглед што Матиасен има долгогодишно искуство на работа поврзана со односите со Европската Унија.

Меѓу другото, била поздравена и работата на амбасадорите во двете држави кои со своите активности придонесуваат за натамошно интензивирање и унапредување на билатерланите односи и соработка. бт/дма/

Фото: Собрание

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан