• четврток, 03 октомври 2024

Министерот Муцунски ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Министерот Муцунски ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува и ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое се одржува од 30 септември до 4 октомври 2024 година во Стразбур.

Во годината кога Советот на Европа ја одбележува 75-годишнината од своето основање, министерот Муцунски, на покана на претседателот на Парламентарното собрание, Теодорос Русопулос, како што соопштија од МНР, ќе се обрати пред парламентарните делегации на земјите членки на организацијата.

Во обраќањето, како што е најавено, министерот Муцунски ќе се осврне на актуелните кризи и предизвици со кои се соочува европскиот континент, од руската воена агресија врз Украина, последиците од пандемијата, економската криза, демократското назадување и порастот на екстремизмот и дезинформациите, трговијата со мигранти, па сè до влијанието на климатските промени и новите технологии.

Во рамки на посетата на Стразбур министерот Муцунски ќе оствари средба и со претседателот на Парламентарното собрание Теодорос Русопулос, со новиот генерален секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, како и со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Марко Бошњак. цр/дма/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан