Планинарите од клубот „Љуботен“ традиционално во новата година прво се искачија на врвот Љуботен
- Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно традицијата кај нив во првите денови во новата година, вчера на 2 јануари го искачија врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина, со што се почнуваат нивните активности. На ова искачување одат само неколкумина исклучително искусни планинари.
Тетово, 3 јануари 2025 (МИА) - Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно традицијата кај нив во првите денови во новата година, вчера на 2 јануари го искачија врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина, со што се почнуваат нивните активности. На ова искачување одат само неколкумина исклучително искусни планинари.
-Веќе цел век, планинарскиот клуб „Љуботен“ на овој ден гордо ја отвора Шарпланинската порта, токму на врвот Љуботен – симбол на нашата љубов кон природата и посветеност на планинарството. Оваа година славиме нешто повеќе од јубилеј – славиме 100 години традиција, меѓусебна почит и градење на вредности. ПК „Љуботен“ отсекогаш бил многу повеќе од клуб. Тоа е заедница што ги поврзува срцата на љубителите на планините, историја што сведочи за упорноста на генерациите, и визија што ја обликува иднината на планинарството во Македонија, информираше планинарскиот клуб Љуботен од Тетово.
Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово е формиран на 23 март 1925 година. ас/цр
фото: ПК Љуботен