• среда, 15 мај 2024

Министерот Лога се сретна со претставници на Здружението на портали

Министерот Лога се сретна со претставници на Здружението на портали

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога се сретна со претставници на Здружението на портали „onlinemedia.mk“, известуваат од Министерство за правда.

- Се дискутираше за измените на Изборниот законик, препораките на ОБСЕ/ОДИХР и забелешките кои ги има здружението во делот на политичко рекламирање, како и улогата, статусот, правата и обврските на интернет медиумите во нашата држава, информираат од Министерството за правда.

Оттаму, исто така посочуваат дека сите препораки и мислења ќе бидат доставени до работната група која ги подготвува измените на Изборниот законик кој наскоро ќе се испрати во владина процедура. сх/ир

Фото: МП

Остани поврзан