Министерката Шахпаска го сподели QR кодот коj директно води до Аудио читачот „Кико“
- Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на својот фејсбук профил денеска го сподели QR кодот коj директно води до платформата за симнување на македонската верзија на Аудио
Скопје, 25 јули 2021 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на својот фејсбук профил денеска го сподели QR кодот коj директно води до платформата за симнување на македонската верзија на Аудио читачот „Кико“.
- Почитувани помагатели и лични асистенти на лицата со оштетен вид, ова е QR кодот коj директно ве води до платформата за симнување на македонската верзија на Аудио читачот „Кико“. Сè што треба да направите е да го скенирате кодот на телеофните и компјутерите на слепите лица, стои во објавата.
Аудио читачот е прва дигитална алатка со која слепите лица и лицата со оштетен вид во нашата земја активно ќе можат да учествуваат во општествениот живот. Апликацијата е достапна во мобилна и десктоп верзија креирана согласно современите технолошки трендови.
„Кико“ е заеднички проект на Министерството за труд и социјална политика, УНДП и Националниот сојуз на слепи. ар/дма/