• понеделник, 23 декември 2024

Минатата недела санкционирани 230 непрописно паркирани возила во Центар

Минатата недела санкционирани  230 непрописно паркирани возила во Центар

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и локалната самоуправа, во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје, минатата недела санкционираа 230 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат денеска од претпријатието.

- Од 25 до 31 март, со помош на специјалните возила „пајак“, отстранети се 120 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“, санкционирани се 110 возила што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници - резиденти на секторот, каде биле паркирани, појаснуваат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината. бд/дма/

Фото: ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

Остани поврзан