• сабота, 11 мај 2024

Милан ќе му понуди нов договор на напаѓачот Леаo

Милан ќе му понуди нов договор на напаѓачот Леаo

Милано, 5 септември 2022 (МИА) - Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека клубот ќе му понуди нов договор на напаѓачот Рафаел Леао.

- Клубот наскоро ќе му понуди нов договор на Леао. Менаџментот ќе се погрижи за тоа. Рафаел не создава никакви проблеми и работи напорно како вистински професионалец, го цитира Пиоли, „Газета дело спорт“.

Претходно беше објавено дека 23-годишниот Португалец ја одбил првата понуда на „Росонерите“ за продолжување на договорот. Миланезите понудија договор до 2026 година со значително зголемување на платата, но играчот и неговите застапници ја одбија понудата.

Леао минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 гола и 12 асистенции.

Во Серија А оваа сезона напаѓачот на пет натпревари постигна три гола и две асистенции. Неговиот актуелен договор е до 2024 година. зс/

Остани поврзан