Милан предвреме ќе го врати Бакајоко во Челзи
- Фудбалерот од средниот ред Темује Бакајоко ќе се врати пред предвиденото од Милан во Челзи, објави новинарот Николо Шира.
Милано, 4 јули 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Темује Бакајоко ќе се врати пред предвиденото од Милан во Челзи, објави новинарот Николо Шира.
Италијанскиот клуб одлучи да ја раскине позајмицата на 27-годишниот француски играч за врска и покрај тоа што договорот важеше уште една сезона.
Во исто време, опцијата за задолжителен откуп од 15 милиони евра, поврзана со бројот на одиграни натпревари, повеќе не може да се активира.
Во сезоната 2021/22, Бакајоко учествуваше на 17 натпревари на Милан и не постигна гол ниту асистенција. зс/