• петок, 26 јули 2024
МИА Флеш

21 мај 2024

Скопје - Државната изборна комисија (ДИК) ќе одржи јавна седница на која ќе се усвојуваат записниците од претходните седници, а потоа ќе се започне со доделување на Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати.

Скопје - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) бележи двојно зголемување на бројот на претставки во однос на минатата година, покажува Годишниот извештај за работата на Комисијата за 2023 година. Сексуалната ориентација, родовиот идентитет, националната и етничка припадност, како и политичкото уверување остануваат најчестата основа за пријава на дискриминација.

Скопје - Вкупните кредити во април бележат раст од 6,8 проценти на годишно ниво, а вкупните депозити за 9,3 проценти. Зголемувањето и кај кредитите и кај депозитите се должи на зголеменото кредитирање и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, но поизразен е кај домаќинствата.

Скопје - Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60 090,00 денари, информираат денеска од ССМ.

Скопје - Во Скопје денеска почна дводневната „Регионална конференција за родова еднаквост во намалувањето на ризиците од катастрофи во Западен Балкан и Турција“, во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). 

Велес - Изутрината во  06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31 годишниот велешанец П.К., излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во велешката болница, информираат од СВР Велес.

Дебар – Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Отишани, поради агресивно однесување кон неговата поранешна девојка.

Битола - Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола ќе претседава со академската Јадранско-јонска асоцијација УниАдрион.

Струмица - Земјоделци од селата Иловица и Штука во Општина Босилово денеска го блокираа патот до нивните села заради ниските откупи цени на младиот компир.

Скопје - Во врска со поставените реквизити за рингишпил во близина на спортскиот центар Борис Трајковски, Општина Карпош демантира дека е издадено какво било одобрение за негово функционирање од едноставна причина што општината нема надлежност за издавање на вакви одобренија.

Скопје - Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Белград - Потпретседателот на Владата на Србија и министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека во големата акција „Армагедон“ денеска биле уапсени седум лица кои се осомничени за искористување на деца за порнографија од шест до десет години, но и на возраст под две години, јави дописникот на МИА од Белград.

Белград - Во судир на автобус и камион во местото Стублине кај Обреновац, едно лице загина, а 17 лица се повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

Брисел – Целта на Европска Унија е да ги почне официјалните преговори за членство со Украина и Молдавија на Самитот на Европски совет што се одржува на 25 јуни, објави „Политико“ повикувајќи се на неименувани дипломати.

Киев - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го обвини рускиот претседател Владимир Путин за терор насочен врз инфраструктурата и цивилното население во Украина.

Москва - Руските власти ги обвинија САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената, еден ден откако Советот за безбедност на ОН ја отфрли руската предлог-резолуција на оваа тема, и по сличното обвинување од Вашингтон за Москва.

Дамаск - На првата дама на Сирија, Асма ал Асад, и е дијагностицирана леукемија, соопшти денеска кабинетот на сирискиот претседател. Дијагнозата доаѓа речиси пет години откако таа пријавила целосно закрепнување од рак на дојка.

Тел Авив – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека повикот на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд да се издаде налог за апсење по него и премиерот Бенјамин Нетанјаху е „срамен“ обид да се ускрати правото на Израел на самоодбрана.

Париз - Францускиот претседател Емануел Макрон вечер ќе замине во посета на Нова Каледонија, која е погодена од немири, изјави денеска владината портпаролка Приска Тевенот.

Порт-о-Пренс - Главниот меѓународен аеродром на Хаити во Порт-о-Пренс денеска е  повторно отворен откако пред три месеци насилството на бандите ги принуди властите да го затворат.

Тагови

Остани поврзан