• понеделник, 23 декември 2024
МИА Флеш

28 февруари 2023 

 - Не им се ускратува ништо од калкулациите на компаниите, само дополнителниот профит што некои од нив, не повеќе од десетина, сакаат да го прават согласно утврдените планови, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање во врска со донесената владина одлука да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

-Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто денеска изјави дека Унгарија има намера да испрати парламентарна делегација во Финска околу 9 март за да разговара за членството на оваа скандинавска земја во НАТО.

-Лекот „оземпик“ да се користи исклучително по препорака на лекар за третман на дијабетес тип 2, а лицата со дијабетес тип 2 кои го користат по препорака на лекар, да не ја прекинуваат терапијата со овој лек и да ги консултираат докторите кои го препорачале, се наведува во денешното соопштение на проф. д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија и научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на Националната комисија за дијабетес.

-Одлуката што денеска ја донесе Владата  со која се укинува субвенционираната цена на електричната енергија за компаниите од прехранбениот сектор, откако најголемиот дел не ја намалија цената на основните производи, се очекува утре да биде објавена во Службен весник.

-Денеска, беше потпишан договор помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Аеродром за подобрување на патната инфраструктура во општината.

- Целта на прифатениот европски предлог и на дијалогот Белград-Приштина не е „взаемно признавање“, туку постигнување сеопфатен договор за регулирање на односите меѓу Косово и Србија, изјави денеска во Брисел портпаролот на Европската унија, Петер Стано.

 

Остани поврзан