• вторник, 23 јули 2024
МИА Флеш

20 мај 2024 

- Долж Повардарието утре ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град.

 

- Логистичката база е клучен елемент во справувањето со предизвиците како еден од главните столбови на Армијата на Република Северна Македонија, истакна заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага честитајќи го 20 Мај - денот на Единицата на воената свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје.

 

- Лишен од слобода е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА. 

 

- Полициски службеници синоќа ги привеле Б.С.(27) и Д.Д.(22), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ од плац на правно лице од Прилеп. Притоа, тие физички нападнале полициски службеник кој не бил на работа, а го пријавил настанот, соопшти МВР.

 

- На  свеченотo затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија, на  23 мај, во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и омега“ во Скопје ќе настапи еден од најпознатите пијанисти денес, турскиот и светски уметник - Фазил Сај.

 

 – Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа.

 

- Во време полно технолошки иновации, оваа 2024 година, според познавачите, веќе се обликува како една пресвртна точка за некои од највозбудливите технолошки достигнувања. Во продолжение следат пет можеби клучни трендови коишто ќе ги дефинираат следните неколку години.

 

- Има многу производи коишто ги одбиваат комарците, а според новите истражувања, тука спаѓа и сапунот. Некои сапуни имаат делотворен ефект против комарци, но други сапуни го чинат спротивното. Во таа смисла, се препорачува сапун со состојки од кокос.

Тагови

Остани поврзан