Скопје – Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, смета премиерот Христијан Мицкоски, појаснувајќи дека ние го користиме кредитниот рејтинг на Обединетот Кралство што е трипати А, најдоброто што во овој момент може да го добиеме како земја на пазарот.
Ова, како што нагласи Мицкоски, е она што може да го каже со сигурност од досега договорното, нагласувајќи дека финансиските услови се уште не се докрај договорени и дека се уште нема таков дијалог отворено со никого и кога ќе отворат тогаш ќе може да каже детали.
Прашан дали вкупната каматна стапка ќе биде во рамки на моменталните проекции за нашата држава се од 4,5 до 6,5 проценти, Мицкоски рече вкупната каматна стапка би била пониска од оваа долна маргина, нагласувајќи дека се уште немаат отворено таков дијалог со никого.
Скопје - Прв пат пред европратениците ќе се најде извештај во кој во неколку наврати се споменува многувековниот, посебен македонски идентитет и јазик. Бидејќи, често пати е повторувано дека тоа не е проблем, често пати е повторувано дека тоа не е пречка за никого, очекувам европратениците едногласно да го усвојат овој извештај во кој што се потврдува посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик, којшто е дел од официјалните јазици на ОН и меѓународно признат и е кодифициран во 1977 година, а неговата кодификација е завршена во 1945 година и оваа година славевме 80 години од неговото кодифицирање, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за очекувањата од претстојното јулско гласање за оваа резолуција во Европарламентот.
Како што истакна премиерот, не гледа никаква пречка ако навистина сите во државата се едногласни и тоа не бил никаков проблем.
Скопје – Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, и опфаќа над 16 илјади невработени, од овие лица се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и поддршка на пазарот на трудот бил срочен на последната седница на Владата.
Скопје - Загрижувачки тренд на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании, покажува истражувањето што беше презентирано денеска во рамки на националната конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, организирана по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ).
Според истражувањето кое за потребите на ОРМ го спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“, фирмите во земјава стануваат се помалку ефикасни во користењето на основните фактори на производство - трудот и капиталот. Компаниите со странски сопственици имаат дури четири пати повисока продуктивност од домашните, додека извозно ориентираните се значително попродуктивни од оние што работат исклучиво на домашниот пазар.
Скопје - Процесот на проширување на Европската Унија треба да има поголема предвидливост, да биде подинамичен и покредибилен, а процесот на носење одлуки во Унијата е потребно да стане пофлексибилен, порача денеска германската амбасадорка Петра Дрекслер на панел-дискусија на тема „Обликување на иднината – ЕУ интеграцијата како двигател на напредокот на Северна Македонија“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во земјава и Вилфрид Мартенс центарот за Европски студии по повод Денот на Европа - 9 Мај.
Дрекслер говореше за можноста за менување на начинот на кој ЕУ ги носи одлуките, иницијативи кои ја имаат поддршката од Германија, при што посочи дека изменетите геополитички случувања изминатите години особено го покренале ова прашање, поради потребата од поголемо единство и интеграција на самата Европа заради поефикасно справување со предизвиците и заканите.
Скопје - АД ЕСМ (Електрани на Северна Македонија) и Siemens Gamesa Renewable Energy (SGRE) денеска потпишаа клучни договори за реализација на проектот Ветерен Парк Богданци – втора фаза. Ова стратешко партнерство ќе го зголеми капацитетот на обновлива енергија и ќе ја зајакне енергетската независност на државата. Проширувањето на ветерниот парк претставува значајна инвестиција во енергетската инфраструктура на обновливи извори во Македонија, соопшти АД ЕСМ.
Вкупната финансиска рамка изнесува 37,6 милиони евра. Оваа сума е обезбедена преку комбинација од поволен заем од KfW Развојна банка (25,7 милиони евра), грант од ЕУ преку Инвестицискиот Рамковен Фонд за Западен Балкан (WBIF) (приближно 8,9 милиони евра) и сопствени средства на АД ЕСМ во износ од 3 милиони евра.
Скопје - Не постои друг начин за одржување на нашиот мир, безбедноста и просперитетот, освен преку поврзување на сите точки во Европа, истакна денеска евроамбасадорот Михалис Рокас на панел-дискусијата на тема „Обликување на иднината – ЕУ интеграцијата како двигател на напредокот на Северна Македонија“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во земјава и Вилфрид Мартенс центарот за Европски студии по повод Денот на Европа - 9 Мај.
Рокас говореше за големата важност на проширувањето на Европската Унија, особено во контекст на потребата од поголемо единство на Европа по руската воена агресија врз Украина.
Скопје - Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) останува на ставот дека не само минималната, туку и воопшто платите во Македонија треба да се зголемат. Како што изјави денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, земјава е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а спротивната страна, Владата или работодавачите, нема слух за сериозен исчекор.
-Работниците во Македонија се најниско платени на Балканот, а да не зборуваме за Европа. За жал, ние сме една од државите во регионот која има најниска и просечна и минимална плата. Не гледаме слух од спротивната страна, од Владата или работодавачите да направат некаков сериозен исчекор, иако слушнавме дека во Србија од 1 октомври минималната плата ќе биде 500 евра, онолку колку што бара ССМ во Македонија, а од 1 јануари ќе изнесува 550 евра. Веќе и со повисока плата од онаа што ја бараме работниците, за жал, заминуват од земјава, но не само заради платите, туку и незадоволни од условите во кои живееме, истакна Трендафилов пред конференцијата на Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) по повод јубилејот 20 години постоење.
Белград - Бројот на жители на југоистокот на Србија, но и во целата држава, продолжува да се намалува, покажуваат најновите податоци на српскиот Завод за статистика за бројот на смртни случаи и бројот на новородени.
Во првиот квартал од оваа година, на подрачјето на јужна и источна Србија, се родени 1.878 бебиња, а починале 4.761 лице.
Бројот на смртни случаи е поголем од бројот на раѓања за 2.883, односно бројот на смртни случаи е 2,5 пати поголем од бројот на живородени.
Атина – Македонски државјанин, по кој имало распишана европска потерница и баран од германските власти за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж во февруари годинава во Германија, синоќа бил уапсен во Грција во обид да влезе кај јужниот сосед, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според документите од германските власти, како што пишува АНА-МПА, станува збор за 34-годишен маж од земјава, кој заедно со негови сонародници бил на деловно патување во мал град во сојузната покраина Хесен и престојувале во една од собите што ги издавал 81-годишниот.
Атина – По скандинавски модел, во Грција ќе се формира Национална управа за надзор на пазарот, соопшти денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, посочувајќи дека тоа ќе биде „уште едно оружје во арсеналот за справување со поскапувањата на цените“, јави дописничката на МИА од Атина.
На почетокот на денешната владина седница Мицотакис објасни дека конкретната управа, по примерот на Шведска, ќе биде одговорна за инспекции, жалби, санкции и вонсудско решавање на спорови и ќе функционира паралелно со Управата за конкуренција, а ќе соработува со Правобранителот на потрошувачи, Генералниот директорат за пазар и Меѓуресорската единица за контрола на пазарот.
Брисел - Европската комисија денеска предложи Стратегија за стабилност и безбедност на регионот на Црното Море, која има за цел зајакнување на врските на Европа со Јужниот Кавказ, Централна Азија и поширокото опкружување.
Дополнително, со стратегијата се очекува да зајакне геополитичката улога на ЕУ како сигурен актер на регионот на Црното Море, во услови на руската агресија врз Украина.
- Денеска усвојуваме нова Стратегија за Црното Море, регион кој е од големо стратешко значење за ЕУ и во кој има многу земји кои се борат за членство во Унијата. Во услови на нарушување на воздушниот простор од страна на Русија, напади врз пристаништа и бродските рути и постоење на поморски мини, во преден план на оваа Стратегија е подобрување на безбедноста на регионот, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
Брисел - Советот на ЕУ денеска усвои правни акти со кои се укинуваат сите економски рестриктивни мерки кон Сирија, со исклучок на оние поврзани со безбедносни причини.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со денешниот чин се формализира политичката одлука објавена на 20 мај годинава за укинување на санкциите, со цел поддршка на сирискиот народ во напорите за повторно обединување и изградба на нова, инклузивна, плуралистичка и мирна Сирија.
Во ток контекст, Советот донесе одлука и за отстранување на 24 субјекти од списокот на ЕУ на санкционирани физички и правни лица од Сирија. Меѓу нив се неколку банки, вклучително и Централната банка на Сирија, компании кои работат во секторите за производството и рафинирање на нафта и за преработка на памук, телекомуникациски оператори и медиуми.
Москва – Претседателот на Русија, Владимир Путин за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе бидат исполнети неговите пет услови, објави „Киев индепендент“, повикувајќи се на Ројтерс.
Тројца руски неименувани извори тврдат дека условите на Путин се: - Ветување дека НАТО нема да се шири на исток; - Украина да биде неутрална држава; - Укинување на дел од западните санкции; - Решавање на прашањето за замрзнатите руски имоти; - Заштита на луѓето кои зборуваат руски јазик во Украина.
Москва – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека трилатерален состанок Русија – САД – Украина би можел да се одржи само по „конкретни договори“ помеѓу Москва и Киев.
-Таков состанок мора да биде резултат на конкретни договори помеѓу двете делегации, руската и украинската, наведе Песков.
Техеран – Во Иран денеска е егзекутиран Иранец осуден поради шпионажа во корист на Израел, објавија иранските државни медиуми.
Педрам Мадани (41) е обесен откако Врховниот суд на Иран ја потврди смртната казна.
Иранската новинска агенција (ИРНА) објави дека Мадани, кој беше уапсен во 2020 година, го посетил Израел и имал средби со претставници на Мосад, на кои им предал доверливи информации за ирански објекти каде е инсталирана важна опрема. Тој за информациите бил плаќан во девизи и криптовалути.