• петок, 22 ноември 2024
МИА Радиофлеш

8 февруари 2024 

- Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 196 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 82 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

- Најголемиот дел од материјалните средства на ЈП за државни патишта или 46% од нив (55.048.838 илјади денари), се материјални средства во подготовка, кои се однесуваат на изработка на проектни документации, извршени експропријации, изградби, реконструкција и рехабилитација на државните патишта и нивен надзор. За дел од овие средства се утврди недостаток на системски и аналитичен пристап и недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата, што предизвикало зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба/реконструкција на делниците, покажале резултатите од ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на ЈП за државни патишта, за 2022 година што ја направил Државниот завод за ревизија. 

- Универзитетската Клиника за детски болести доби донација во компјутери од Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта во Република Северна Македонија. Донацијата на опремата вчера во просториите на Клиниката ја предаде амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта во земјава Франческо Саверио Џуисти, во присуство на проф. д-р Констандина Кузевска Манева и д-р супспецијалист Весна Мицевска.

Како што соопштуваат денеска од Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта, на состанокот било договорено дека и во текот на оваа година Амбасадата ќе продолжи како и во минатото да ја поддржува Клиниката.

- Минатиот месец беше најтоплиот јануари забележан на глобално ниво, наведува Службата за климатски промени на ЕУ Коперник (ЦЦЦС).

Заменик директорката на ЦЦЦС, Саманта Бурџис истакна дека 2024 година почна со уште еден месец за соборување на рекорди.

Не само што ова беше најтоплиот јануари досега, туку штотуку доживеавме 12-месечен период од повеќе од 1,5 степени Целзиусови над прединдустрискиот референтен период. Брзото намалување на емисиите на стакленички гасови е единствениот начин да се запре порастот на глобалните температури, истакна Бурџис.

 - Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика сите замрзнати руски средства да бидат префрлени во неговата земја, каде се води војна по руската инвазија од пред речиси две години, јави ДПА.

- По мигрантите, Италија планира да ги донесе затворениците во Албанија. Станува збор за договор како оној со Обединетото кралство, каде осудениците Албанци во Британија ќе ја издржуваат казната во албанските затвори, јавија албанските медиуми.

Веста ја соопштил шефот на Одделот за затворска управа, Џовани Русо, во Комисијата за правда, додека зборувал за пренатрупаноста на затворите во Италија.

-По цена од 34 евра дневно за секој затвореник Албанец во британските затвори, Обединетото Кралство потпиша  договор со Албанија за издржување на казната во нивната земја. Ние одлучивме да го направиме истиот договор со некои модификации: да не испраќаме пари во Албанија, туку да нудиме услуги од типот на казнено-поправен дом, рекол тој.

Во своето синоќешно видео обраќање, тој рече дека е време „да се направи максимална системска штета на Русија. Ова особено важи за замрзнатите руски средства и на терористичката држава и на поединци поврзани со неа“.

- Треба да се заплени сè и да се искористи за заштита од терор, рече Зеленски.

 - Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва во Њујорк ќе одржи вонредна седница за ситуацијата на Косово, закажана на барање на Белград.

На седницата, која започнува во 21 часот по средноевропско време, Србија ќе биде претставена од претседателот Александар Вучиќ.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вчера за РТС изјави дека Хју Тод, министерот за надворешни работи на Гвајана, кој во моментов претседава со Советот за безбедност, го информирал дека седницата би требало да биде отворена за јавноста.

- Новата вулканска ерупција, која започна утринава на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, е трета во регионот од 18 декември.

Телевизиските снимки покажуваат како жешка лава еруптира со обрачи чад што се издигнуваат од пукнатината.

 

Остани поврзан