• сабота, 04 јануари 2025
МИА Општински пул

31 декември 2024 

Скопје - Домаќинствата во 2023 создале вкупно 878 303 тони комунален отпад, од кои собрани биле 70 проценти или 621 686 тони. Годишно во просек секој жител создал 503 килограми комунален отпад, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика.

Комуналниот отпад во земјава бележи раст во однос на претходната 2022 година кога биле создадени вкупно 856 766 тони, но намалување во однос на 2021 година кога биле создадени 896 066 тони отпад.  Процентот на собран комунален отпад иако бележи раст во последните три години, тоа е незначително и останува на 70 проценти од вкупно создадениот комунален отпад во земјава. Во 2023 година собран бил 70,78 проценти, во 2022 година 70,68 проценти, а во 2021 година 70,54 проценти од вкупно создадениот комунален отпад во земјава. 

Скопје – Музичката програма за испраќање на старата и пречекот на Новата 2025 година во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи. „Празнична магија 2025“ на плоштадот „Македонија“ организира Град Скопје. Новогодишниот концерт ќе почне во 19.30 часот со настап на Сара Мејс. Од 20.30 часот ќе настапи групата „Љубојна“, а потоа и „Ареа“, од 22 часот, и „Нокаут“ од 23.30.

Под мотото „Скопска новогодишна приказна“, дочек организира и Општина Кисела Вода, на платото пред спортската сала „Расадник“. На концертот, кој ќе почне  во 20 часот, ќе настапат „Куку Леле“ „ДНК“, Врчак, Влатко Лозановски. Водител на вечерта ќе биде Игор Џамбазов, кој и ќе настапи со „Гуру Харе бенд“.

Скопје - Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2024 и ќе ја пречекаат Новата 2025 година.

Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2025-та последен, 26 часа подоцна, ќе влезе американскиот Бејкеров Остров (1 јануари во 13 часот по македонско време).

Скопје - ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје, дека 31.12.2024 година (вторник), шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат, од 07:30 до 15:30 часот. 01.01.2025 година (среда),  е неработен ден.

Скопје - Општина Центар оваа година подели 2000 новогодишни пакетчиња за децата од оваа локална самоуправа. Пакетчињата беа поделени на учениците од основните училишта во Центар, децата од градинките, на лицата со попречености и со Даунов синдром.

Како што информира Општина Центар, пакетчиња добиле и децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и на Клиниката за детска хирургија.

Струмица - Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево.

Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобил „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, Струмичко.

Скопје - Без вода денеска од 9 часот се дел од жителите на комплексот „Александрија“ во Општина Ѓорче Петров. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект од ф-150 милиметри на улицата „Ацо Шопов“, кај бензинската станица „Лукоил“. 

Поради дефект во шахта на улица „Благоја Паровиќ“ 12Б, денеска од 9:20 часот без вода се дел од корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Скопје - Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на декември подигнале и транспортирале приближно 1200 кубни метри непрописно оставен отпад од јавни и сообраќајни површини на територијата на градот Скопје.

Како што информира јавното претпријатие, најголем број диви депонии се отстранети во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Аеродром.

Скопје  - Екипи на ЈП Водовод и канализација-Скопје утрово ќе го санираат дефектот поради кој корисниците на улицата „Бањалучка“ и дел од улицата „Женевска“ во општина Карпош од 1 часот по полноќ немаат вода.

Од ЈП Водовод и канализација известија дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф 100 мм на ул. „Бањалучка“ бр.24.

Битола - Новогодишната програма „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува со театарски претстави за деца, настап на фолклорни и рок групи од градот, а вечер ќе биде заокружена со дочек на новата година на платото од битолскиот Офицерски дом.

Според програмата, претпладне во старата битолска чаршија ќе бидат одиграни театарските претстави за деца „Снежна бајка“ и „Новогодишна ноќ“, а на платото пред Офицерски дом ќе бидат одиграни театарските претстави „Исчезнатиот Дедо Мраз“ и „Нововогодишна неизвесност“.

Остани поврзан