• сабота, 04 јануари 2025
МИА Општински пул

2 јануари 2025

Скопје -  ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје информира дека и во текот на новогодишната ноќ реализираше активности за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини во Град Скопје и празнење на поставените садови за одлагање комунален отпад.

Веднаш по завршувањето на новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“, екипите на ова претпријатие извршиле целосно расчистување на просторот на плоштадот, улицата „Македонија“ и пешачките мостови во централното градско подрачје. Притоа биле подигнати и транспортирани 20 кубни метри ситни отпадоци одложени на јавни површини.

Скопје -   Поради уличен дефект кај ресторан Имес во општина Карпош, прекинато водоснабдување утрово од 09:45 часот имаат дел од корисниците од булевар Илинден, улиците Драгиша Мишовиќ, Огражден, Пелистерска, Струма, Радика, Манапо, Карпошово Востание, Трифун Пановски и Роберт Кох.

ЈП Водовод и канализација Скопје информира дека прекинот ќе тра до санација на дефектот.

Битола - Триесетина планинари, членови на планинарскиот клуб „Олимпус Монс“ од Битола ја продолжија традицијата на ноќно искачување на врвот Пелистер.Првото изгрејсонце на Пелистер го  дочекавме по 14 пат и продолживме со зимскиот настан кој го нарековме „Први на први“, изјави за МИА Иванчо Тошевски, претседател на „Олимпус Монс“.

-Ноќното искачување на врвот Пелистер (2601 мнв) го почнавме точно една минута по полноќ на 1 јануари од пред Инфоцентарот на Националниот парк Пелистер. Искачувањето на патеката долга 13 километри се одвиваше повеќе од 5 часа и со единствена цел на врвот Пелистер да се дочека првото изгрејсонце во Новата година. Магијата на првото изгрејсонце во новата година е неповторлива и може само да се доживее, истакна Тошевски по враќањето во Битола.

Скопје - Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица за кого постои основано сомнение дека сторил „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што информираат од Обвинителството, на 30 декември во својот автомобил држел пакувања со вкупно 50,13 грама наркотична дрога марихуана.

Остани поврзан