• четврток, 21 ноември 2024
МИА Општински пул

18 октомври 2024

Скопје - Во споредба со 2022 година кога просекот на отвореност на општините изнесувал 27 отсто, годинава тој достигнал 37 отсто, што е пораст за 10 отсто во две години. Иако овој процент е видливо зголемен, сепак претставува индикација за ниско ниво на отвореност во работењето на локалната власт, покажуваат ги претставија наодите од Процената на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија изготвена преку Индексот на отвореност за 2024 година на тематскиoт форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ на Фондација Метаморфозис и Рурална Коалиција. 

Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажале дека најотворените единици на локална самоуправа се Битола (67%), Делчево (66%), Демир Хисар (64%), Велес (60%), Валандово (59%), Прилеп (58%), Крива Паланка (58%), Берово (58%), Василево (56%), Кочани (55%), Градско (54%), Гевгелија (54%), Охрид (53%), Кавардарци (52%) и Гази Баба (52%). Најзатворени општини, според наодите се Сопиште со (7%), Кривогаштани (13%), Студеничани (13%), Росоман (14%), Чучер Сандево (15%), Шуто Оризари (16%), Лозово (17%), Боговиње (18%), Ранковце (18%), Врапчиште (19%) и Чаир (19%).

Скопје - Без вода денеска од 11 часот се дел од жителите од улицата „Ѓорѓи Капчев“,  краци 1, 2, 3 и 4 во Општина Аеродром. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Ѓорѓи Капчев“ 4/18. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Битола - Универзитетскиот професор д-р Даниела Андоновска Трајковска избрана е за нов претседател на Македонско научно друштво-Битола, најстарата научна асоцијација во земјава, формирана во 1960 година.

На синоќешното изборно собрание, Андоновска Трајковска освен едногласна поддршка за нејзината кандидатура и програма за работа, доби поддршка и за нејзините соработници, новиот потпретседател, членовите на управниот, надзорниот одбор, етичката комисија и уредувачкиот совет на МНД-Битола.

Скопје - Општина Илинден и ЈКП ,,Водовод” – Илинден континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа на територија на општина Илинден, со цел задоволување на потребите на корисниците.

Со цел поквалитетни услуги побезбедна и поздрава вода за пиење на граѓаните како и здолемување на капацитетот на водоснабдувањето, деновиве се работи на обнова и модернизација на главниот водоснабдителен систем во н.м.Кадино во должина од 700 метри, на дел од ул. 1, односно на подегот од крстосницата кон н.м.Мралино (Маркет Деби), до крстосницата кај млинот Златно Здрно на улица 10 во н.м. Кадино. Во наредниот период ќе се продолжи со втората фаза за обнова на водоснабдителниот систем на потегот од млинот Златно Здно до крстосницата на почетокот од н.м.Марино.

Струмица - И втората анализа на вода направена вчера во Фабриката за вода и три други места низ градот ги задоволува параметрите за употреба за пиење, објави утрово струмичкото комунално претпријатие.

Според објавеното испитување од акредитираната лабараторија „Проанализ“ од Струмица, испитуваната вода за пиење содржи манган во рамките на дозволеното, а и останатите параметри се во рамки на дозволените граници.

Делчево - Во рамки на проектот „Направи разлика“, финансиски поддржан од УСАИД, во Пехчево се одржа првата средба „Колеџ на заедницата“ и „Младинска банка“. Како што информираше Елица Јовевска од Општина Пехчево активностите имаат за цел, да опфатат влијателни граѓани и што поголем број на млади од Општина Пехчево, кои сакаат активно да се вклучат во креирањето на подобра иднина.

-Младите ќе можат да предложат и спроведат иницјативи за решавање на тековни предизвици и потреби. Програмата „Младинска банка“ е соодветна за млади од 16 до 29 години, при што младите ќе можат да поминат серија од 3 обуки за кои ќе добијат сертификат и во пракса ќе можат да го применат наученото, а со тоа да создадат подобри услови за младите во Пехчево, истакна Јовевска.

Скопје - Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поправки во Скопје, денеска АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, ќе го најави отворањето на првиот Центар за поправки, кој ќе биде достапен за јавноста од јануари. 

- Поправките играат важна улога во зачувувањето на ресурсите и намалувањето на отпадот, што придонесува кон заштита на животната средина и одржливост. Овој настан има за цел да ја подигне свеста и да ги поттикне граѓаните да станат дел од оваа значајна иницијатива, се наведува во соопштението од АРНО.

Скопје - Во организација на Фондацијата КАНТАРОТ денеска и утре во Меѓународното училиште НОВА ќе се одржи третата конференција „Наука за деца“. Целта на конференцијата е популаризација на науката кај децата и подигање на интересот за истражување на научните концепти.

Оваа година мотото е „Надгради ја твојата реалност“, а конференцијата првпат ќе биде поделена во два дена. Ќе почне со свечено отворање во вечер, во 19 часот. Потоа ќе следуваат пет кратки предавања од децата финалисти на минатогодишниот конкурс за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“. Секое од овие предавања е под менторство на врвен македонски научник што работи во странство, со што ќе се истакне и разновидноста на научниот талент од Македонија.

 

Остани поврзан