• сабота, 27 јули 2024

МИА Општински пул

МИА Општински пул

 22 мај 2024

Куманово - Јавното претпријатие „Водовод“ Куманово денеска информираше дека од утрово од 05:00 часот утрово е затворен доводниот цевковод од Липково, водата со зголемена матност се испушта во канализациската мрежа. Во соопштението до медиумите, надлежните од ЈП „Водовод“ околу пет часот утрово вработените во Одделението за водоснабдувачки објекти кои своите работни задачи ги извршуваат во Фабриката за вода (Филтер станица) во Куманово забележале дотур на вода од хидромелиоративниот систем Липково-Глажња со зголемена матност од преку 10.000 NTU.

- Од страна на вработените веднаш се преземени неопходни мерки предвидени за вакви случаи, односно доводниот цевковод од Липково е затворен како не би дошло до позначителни штети на процесот на преработка на вода за пиење. Во моментот, а пред сè заради безбедност по здравјето на населението во Куманово водата којашто е со зголемена матност се испушта директно во канализациската мрежа што ќе доведе до недостиг на вода во системот за водоснабдување, информираат од ЈП „Водовод“.

Куманово - Комисијата за проценка на штети од општина Липково веќе е на терен помеѓу населението, кое вчера претрпе штети од интензивниот дожд и град кој го зафати североисточниот регион во државата, соопштија денеска од општина Липково за МИА.

- Општина Липково беше зафатена од интензивни врнежи од град и дожд. Може да кажеме дека сите населени места беа погодени почнувајќи од Лојане до Никуштак. Граѓаните веќе почнаа да ги пријавуваат штетите. Од земјоделскиот род има штети на насадите со кромид, бостан, компири, пченка, јачмен …, велат од општина Куманово.

Засега нема пријавени штети на друга инфраструктура и одрони на патишта, велат од општината.

Куманово - Граѓани денеска алармираат дека во Куманово поради обилните врнежи има одрони на патот во село Сушево. Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, пак Бобан Цветановски во изјавата за МИА посочи дека вчера поради интензивните врнежи од град и дожд има одрони на повеќе патишта.

- До доцните вечерни часови со скип ги отстранувавме наносите од камења, инфраструктурата е уништена во повеќе села. Во однос на земјоделското обработиливо земјиште има уништени посеви од житни култури, градинарски, лозови и овошни насади. Комисијата ќе почне со работа, но веројатно ќе и треба повеќе време и детална информација ќе има до утрешниот ден, изјави Цветановски.

Жители на Липково, пак информираат дека вчера град паѓал 45 минути.

Велес - Патувачката мултимедијална изложба на историскиот стрип „CAN for Balkans“ на која една четвртина од изложените дела се на македонски автори, од 10 до 31 мај е  отворена во Домот на Сојузот на бугарските уметници, попознат како „Шипка 6“ и  за неа има голем интерес од бугарската културна јавност, информира за МИА, Александар Стеванов еден од македонските автори на изложбата кој воедно е селектор на изложените македонски стрип дела.

Македонските автори што со свои стрипови се претставени на групната изложба „CAN for Balkans“ се Љубомир Филиповски, Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Коле Манев, Славчо Темков, Драган Ташковски, Илија Јордановски, Дарко Богданов и Александар Стеванов.

Велес - Општина Велес преку ангажирање градежна фирма врши подготвителни зафати за целосна реконструкција на улицата „Луј Пастер“ што води покрај пругата Велес-Битола во велешката Населба Керамидна во новиот дел од градот. Оваа е една од четирите велешки улици која се реконструира со финансиска поддршка од Министерството за транспорт и врски.

На улицата на која веќе еднаш е сменета водоводната мрежа ќе има дополнување на водоводната мрежа од комплексот на нови згради „Атлантис“, а свои работи пред истата повторно да се асфалтира на поставување на оптички кабел ќе имаат и од ЕВН, информираат од Општина Велес.

Како што информира градоначалникот Марко Колев на оваа улица деновиве веќе се изврши рушење на потпорниот ѕид, кој водеше на дел од оваа улица, а со цел проширување на постоечката траса, односно улицата наместо една на овој потег со проширувањето добива две ленти за сообраќање на возилата.

Битола - НУ Центар за култура-Битола, во предвечерието на меѓународниот фестивал на монодрама, организира изложба „Монодиоптрија“ чиј автор е фотографот Диоген Хаџи-Коста Милевски.

Изложбата Монодиоптрија е визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година и содржи 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актери, во монодрамите одиграни на сцените на фестивалот во изминатите години.

 

Остани поврзан