МИА Општински пул
- 16 април 2025

Кочани - Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска од Кочани почна едукативна кампања наменета за сите потенцијални корисници на програмата Еразмус+, за да ги унапреди транспарентноста, конкурентноста и квалитетот на проектите во согласност со европските вредности и практики во образованието.
Директорот на Агенцијата, Петар Богојески беше во работна посета на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани каде најави серија обуки, информативни сесии и теренски активности за зголемување на учеството на основните и средни училишта, како и на други јавни институции во програмата Еразмус+.
-Симболично, оваа иницијатива започнува од Кочани кое неодамна беше погодено од огромна трагедија на национално ниво, а ја почнуваме со конкретна институционална поддршка од страна на Агенцијата за иднината на младите, како и во развојот на локалните образовни установи. Средствата што беа предвидени за репрезентативни трошоци, вклучувајќи храна и пијалаци, во месец април ќе бидат пренаменети за набавка на училишен прибор за дел од учениците во едно од општинските училишта. Оваа практика ќе стане редовна и месечниот буџет за репрезентативни трошоци ќе се користи за директна поддршка на ученици и образовни институции низ целата земја, истакна Богојески.
Неготино - Дваесет и двегодишно момче од неготинското село Тремник синоќа е пријавено за исчезнато, потврдија за МИА од СВР Велес.
- Синоќа во 22.15 часот во ОВР Неготино, С.С.(40) од село Тремник, неготинско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот внук од брат Д.С.(22), кој бил со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од СВР Велес.
Известување за исчезнатото момче е објавено и на Фејсбук профилот посветен на селото Тремник.
-Се известуваат жителите на село Тремник доколку се во можност да ги проверат своите гаражи, штали, помошни простории, шупи, со цел пронаоѓање на исчезнатото лице Диме Стојамиров од село Тремник и доколку се забележи веднаш да го известат МВР, се вели во објавата на Фејсбук.
Скопје - Општина Аеродром деновиве спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија.
Со дератизацијата се опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, како и сите основни училишта и детски градинки.
Есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.
Кочани - Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски денеска ја одржа првата средба со новинарите на која информираше за актуелната состојба во општината и за планираните активности во наредниот шестмесечен мандат од неговата функција.
Изразувајќи сочувство и почит кон настраданите и семејствата на повредените лица во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, тој информираше дека една од првите одлуки е од општинскиот буџет на Кочани да се уплатат три милиони денари на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ.
– Состојбата во Општината е алармантна со делумно реализирани проекти, а таква е и во комуналното претпријатие „Водовод“, каде што сѐ уште не се знае дали е валидна оставката на директорот. Нема ниту технички директор, а долгот е 3 милиони евра, најмногу по основ на неплатена електрична енергија. Катастрофална е состојбата и со човечките ресурси во Територијалната противпожарна единица, каде што се потребни 32 пожарникари, а има 16. Со решавање на кадровската состојба во КЈП „Водовод“ ќе направиме тоа да биде функционално. Алармантна е состојбата и со дивоградбите со што е нарушена и безбедноста во градот. Најавувам сериозна борба и кривични пријави против незаконските градители, без толеранција и без отстапки кон никого, истакна в. д. градоначалникот Крстевски.
Куманово - Почна изградбата на речното корито на водотекот во липковското село Оризари. Првиот заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска изврши увид во активностите за изградба на речното корито на водотекот „Голем дол“ во село Оризари.
Проектот вклучува и изградба на потпорни ѕидови кои овозможуваат дополнителна заштита за спречување на поплави и излевање на водата во коритото.
- Станува збор за проект вреден 15 милиони денари, целосно финансиран од Министерството за животна средина со вкупна должина од 830 метри, изјави вицепремиерот Меџити.
Висината на ѕидовите кои ќе бидат обложени со камен, ќе изнесува 1,4 метри што дополнително спречува поплави, подобро управување со водите.
- Инвестицијата е дел од програмата на Министерството за животна средина за инвестиции во секоја општина, при што единствен критериум е бројот на жители, а не како досега или порано врз основа на партиска припадност на градоначалникот или други дискриминаторски критериуми, изјави Меџити.
Во однос на депонијата во близина на село Никуштак, Липковско, за која со години алармираат граѓаните, вицепремиерот Меџити рече дека ќе има задоцнување и нагласи дека со средства од Министерството за животна средина ќе се реши депонијата.
Струга - Претстојните велигденски празници и продолжениот викенд ќе ја наполнат охридско-струшката ривиера. Исполнетоста на хотелските капацитети се очекува да биде 60 до 70 отсто, а голема е исполнетоста и во приватните сместувања, како и викенд становите.
Поклопувањето на православниот и католичкиот Велигден ќе ги врати и печалбарите во своите огништа, што значително ќе ја зголеми фрекфенцијата на движење во двата крајезерски града.
Според првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија Крсте Блажески, најмногу резервации имаат од соседството, гости, кои редовно ја посетуваат ривиерата за Велигден.
- Не можеме да кажеме дека се ќе биде максимално исполнето. Очекуваме 60 до 70 отсто исполнетост за Велигденските празници, изјави Блажески за МИА.
За претстојната летна туристичка сезона забележа дека има значително намалување на холандски и полски гости, но за сметка на тоа зголемен е бројот на туристи од Турција, а се поголем е интересот кај грците, кои го посетуваат регионот најчесто во пролетните денови.
- Генерално ако сме на ниво на минаната година ќе бидеме задоволни. Очекувањата за исполнетост во хотелскиот сектор се како лани, истакна Блажески.
Во однос на очекувањата со изградбата на автопатот Кичево - Охрид, вели дека е неблагодарно да се кажуваат прогнози за автопат кој се гради 12 години, пред да се заврши.
-Многу е неблагодарно да се кажуваат прогнози однапред после 12 години градба на автопат. Многу пати сме слушале давање рокови. Да, се работи на автопатот, штом се работи и ќе се заврши, рече претседателот на ХОТАМ.
Куманово - Почна реконструкција на улици во повеќе населени места во Куманово, информираше денеска градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.
Завршено е асфалтирањето на улиците „320“, „324“ и „325“ во населбата Ајдучка Чешма. За асфалтирањето на овие улици во оваа приградска населба од општинскиот буџет се одвоени над 5, 7 милиони денари (5.784.548.09 со вклучен данок на додадена вредност). Жителите на населбата со години бараа асфалтирање за подобра конекција со главните улици и поголема безбедност на пешаците.
Во тек е реконструкција на патниот премин со железничка пруга во село Черкези. Во моментов се реконструира и улицата „705“ во населбата Перо Чичо. Бекатон се поставува и на улицата „Цар Самуил“.
Скопје - Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, денеска ја посети Општина Центар и одржа работна средба со градоначалникот Горан Герасимовски и членовите на општинскиот Совет. За време на средбата разговараа за активните проекти во општината, плановите за понатамошен развој на централното градско јадро, а акцент беше ставен и на тековните предизвици, како што се недостигот од паркинг места и проблемите со јавната хигиена, за кои беа разменети идеи и предлози за нивни системски решенија, информираат од Министерството за локална самоуправа.
На средбата се дискутирало и за планираните измени на Законот за локална самоуправа, коишто, како што заклучиле сите присутни, ќе се овозможи зголемување на отчетноста на градоначалниците, транспарентноста на општините, а ќе се обезбеди и поголема ефикасност на локалните власти, овозможувајќи им брзо и ефикасно решавање на голем дел од проблемите на терен со кои сега се соочуваат.
Перински на средбата посочил дека Министерството за локална самоуправа е фокусирано и кон поддршка на процесот за дигитализацијата на услугите на локалната самоуправа со цел создавање на модерни, дигитализирани општини кои ќе бидат поефикасни, поуслужни и подостапни за секој граѓанин.
Тетово- Верниците од православна веросиповед во пресрет на големиот празник Велигден изработија Велигденско јајце со висина од 2,3 метри и го поставија во дворот од тетовската црква Свети Кирил и Методиј.
Во двор од една куќа се работело јајцето, кое денеска со помош на камион со дигалка (кран) беше донесено и внесено во дворот од црквата Свети Кирил и Методиј.
-Користени се материјали како стиропор и гипс, од она што го имавме дома и се изработи јајцето во висина од два метри и 30 сантиметри и обем од 160 сантиметри, велат верниците од тетовските населби Певчина, Два Бреста и Поток.
Старешината на храмот отец Александар Стојановски објасанува дека во православието, јајцето го симболизира животот.
-Кога пилињата коишто се во јајцето ќе ги искршат корупките на јајцето, тие излегуваат, односно се раѓа живот, а исто така и Господ Исус Христос којшто бил 3 дена во гробот ја искршил гробната плоча. Така Ги победил и скршил гробните врати, излегол, како што пилето излегува од јајцето и затоа јајцето е симбол на живот, вели отец Стојановски.
Скопје - Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности на новата градинка во Расадник, каде се работи со голема динамика на објектот ќе кој ќе овозможи современи услови за 120 дечиња. Со нејзината изградба, како и со објектот „Верверичка“ кој е во завршна фаза и објектот во Потстаница, целосно ќе се затворат листите на чекање за згрижување деца во градинките на територија на Општина Кисела Вода.
-Денес извршив увид во новата градинка во Расадник, која ќе прими 120 дечиња. Истата ќе се простира на 795 метри квадратни, со 6 занимални од кои две ќе бидат наменети за јасли и ќе значи уште едно исполнување на барањата на жителите од овој дел на општината.
Овој објект се гради со поддршка на Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Христијан Мицкоски, за што сакам искрено и од срце да му се заблагодарам за поддршката и неговите заложби во сите сфери на општественото живеење како на централно така и на локално ниво, кои даваат огромен напредок за секоја заедница.
Со завршувањето на овој објект, објектот ,,Верверичка” кој е во завршна фаза, како и објектот во Потстаница не само што целосно ги елиминираме листите на чекање за упис во градинките, туку ќе обезбедиме и поголем простор, комфор и подобри услови за децата од Кисела Вода, но и можност да примаме и дечиња од други општини. Мојата визија е јасна - место во градинка за секое дете-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тетово - Верниците од православна веросиповед во пресрет на големиот празник Велигден изработија Велигденско јајце со висина од 2,3 метри и го поставија во дворот од тетовската црква Свети Кирил и Методиј.
Во двор од една куќа се работело јајцето, кое денеска со помош на камион со дигалка (кран) беше донесено и внесено во дворот од црквата Свети Кирил и Методиј.
-Користени се материјали како стиропор и гипс, од она што го имавме дома и се изработи јајцето во висина од два метри и 30 сантиметри и обем од 160 сантиметри, велат верниците од тетовските населби Певчина, Два Бреста и Поток.
Старешината на храмот отец Александар Стојановски објасанува дека во православието, јајцето го симболизира животот.
-Кога пилињата коишто се во јајцето ќе ги искршат корупките на јајцето, тие излегуваат, односно се раѓа живот, а исто така и Господ Исус Христос којшто бил 3 дена во гробот ја искршил гробната плоча. Така Ги победил и скршил гробните врати, излегол, како што пилето излегува од јајцето и затоа јајцето е симбол на живот, вели отец Стојановски.
Скопје - Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности на новата градинка во Расадник, каде се работи со голема динамика на објектот ќе кој ќе овозможи современи услови за 120 дечиња. Со нејзината изградба, како и со објектот „Верверичка“ кој е во завршна фаза и објектот во Потстаница, целосно ќе се затворат листите на чекање за згрижување деца во градинките на територија на Општина Кисела Вода.
-Денес извршив увид во новата градинка во Расадник, која ќе прими 120 дечиња. Истата ќе се простира на 795 метри квадратни, со 6 занимални од кои две ќе бидат наменети за јасли и ќе значи уште едно исполнување на барањата на жителите од овој дел на општината.
Овој објект се гради со поддршка на Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Христијан Мицкоски, за што сакам искрено и од срце да му се заблагодарам за поддршката и неговите заложби во сите сфери на општественото живеење како на централно така и на локално ниво, кои даваат огромен напредок за секоја заедница.
Кавадарци - Автоматски систем за детекција на чад и пожар со дојава до брза помош, противпожарна и полиција, како и своевидни ознаки за сите безбедни објекти за секој што ќе влезе во нив да се чувствува безбедно. Ова биле двата предлога што Општина Кавадарци ги дала до Кризниот штаб. За нив денеска информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Едниот предлог е да работиме во наредните три до пет месеци заедно со сите надлежни субјекти на правење на автоматски систем со сензори за детекција на чад и пожар и автоматска дојава за пожарот до клучните институции, брза помош, полиција и противпожарна единица, појасни тој.
Јанчев, кој е и командант на Кризниот штаб, денеска изрази уверување дека во наредните години, над 90 отсто ќе се автоматизира ваквата дојава.
Тој информираше дека тела од повеќе од 30 луѓе од Крвниот штаб, при последните контроли на јавни институции, јавни објекти и колективни згради, не забележале големи аномалии. Имало случаи на скршени вентили на хидрантски системи, украдени или непостоечки црева за такви системи, а имало случаи системот да изгледа дека функционира, но дотокот на вода бил оневозможен, или притисокот на вода бил недоволен за да функционира еден хидрант.
Градоначалникот истакна дека секоја аномалија ќе биде отстранета со цел за најдоцна месец, месец и половина, сите објекти да бидат проверени и документирано потврдени за да бидат во функција. Во моментов немало објект што загрозува или тотално не ги исполнува законските услови, за да биде затворен.
Битолa - Независниот синдикат на државна администрација при ЈП Паркинзи-Битола денеска на прес - конференција побара подобри услови за работа на вработените во претпријатието.
Антонио Михајловски, претседател на Независен синдикат на државна администрација при ЈП Паркинзи-Битола, на прес - конференцијата побара вработените да добијат ХТЗ-опрема која, како што изјави, ја обезбедуваат со лични средства.
-За нашите проблеми нема разбирање од надлежните. Во ЈП Паркинзи се соочуваме со повреда на правата на работниците, зголемен е бројот на дисциплински постапки посебно врз членови на нашиот синдикат од кои под притисок се бара нашите членови да истапат од синдикатот, истакна Михајловски.
Во изјава за медиумите, претседателот на Независен синдикат на државна администрација при ЈП Паркинзи-Битола, јавно побара да запрат притисоците врз вработените и да не се прераспределуваат на други работни места.
Битола - Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, објави повик за пријавување филмови.
Од ИФФК „Браќа Манаки“ соопштуваат дека јавниот повик ќе биде отворен до 27 јуни до кога филмските работници со свои проекти може да обезбедат учество на 46 издание на фестивалот и да конкурираат за главните или почесните награди на фестивалот.
Како што е познато, според востановената традиција, учесниците на фестивалот освен за престижната награда златна „Камера 300“, конкурираат и за други фестивалски признанија, а организаторот доделува и Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за исклучителен придонес во светската кинематска уметност, Златна камера 300 за креативна синергија, како и Голема ѕвезда на македонската кинематографија.
Крива Паланка - Вработените во Јавното претпријатие Комуналец - Крива Паланка интензивно работат на уредување на повеќе локации во градот, подигнување нови зелени површини и на одржување на постоечките зелени и хортикултурно уредени површини.
Од претпријатието информираат дека во низата активности се опфатени подигнување нова површина и сеење трева во речното корито на Крива Река, на потегот од спортскиот комплекс кон градскиот базен.
- Интензивно и ажурно работиме на разубавување на градот во пресрет на празничните и сончеви денови. Денес тим од ЈП Комуналец интензивно работеше на расчистување и порамнување на земјената површина на речното корито на Крива Река кај спортскиот комплекс, кадешто беше уредено мајор коритото до потегот кај градскиот базен. Покрај тоа, се врши и редовно косење на зелени површини покрај главната улица, чистење на детските игралишта и чистење тревни површини околу нив, отстранување отпадоци и тревна вегетација на јавни површини во градот, кастрење гранки, во прилог на еколошки чиста и убава Крива Паланка, велат од претпријатието.
Велес - Во просториите на Викимедија МКД во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вчера се одржа официјалното доделување на наградите и сертификатите за најуспешните учесници од уредувачкиот натпревар „Запознајте ја Словенија“. Амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер ги врачи наградите и сертификатите на петтемина најуспешни уредувачи.
Добитниците на награди се Емилија Добрева, Горазд Војнески, Михаил Милевски од СУГС Гимназија „Јосип Броз” - Скопје и Димитар Костадинов и Марко Тенев од СОУ „Коле Нехтенин”-Штип, информира денеска за МИА, Бојан Велковски менаџер за комуникации на Викимедија МКД.
Тој потенцира дека амбасадорот Прескер во своето обраќање ја нагласил важноста на дигиталната писменост, слободниот пристап до информации и заедничкото градење мостови меѓу културите преку соработка и знаење. Велковски исто така ја изразил благодарноста за заложбите на уредувачката заедница и поддршката од Викимедија МКД.
Уредувачкиот маратон „Запознајте ја Словенија“ се одржуваше од 1 февруари 2025 до 28 февруари 2025. Проектот беше во организација на Здружението Викимедија МКД во соработка со Словенечки центар - Скопје, поддржан од Амбасадата на Република Словенија во Скопје. Како што појасни Велковски, главната цел беше да се намали недостатокот на содржини поврзани со Словенија на Википедија на македонски јазик.