• четврток, 02 мај 2024

МИА Најави – свет

МИА Најави – свет

24 Јануари 2024

Меѓународен ден на образованието

Брисел – Европската комисија ќе го претстави „Системот за економска безбедност“.

Луксембург – Објавување на извештајот на Европскиот суд на ревизори за загадувањето предизвикано од автомобилите.

Берлин – Средба меѓу премиерите на Германија и Словачка, Олаф Шолц и Роберт Фицо.

Варшава – Протест на земјоделците во Полска поради големиот прилив на украински прехранбени производи.

Берлин – Во Германија почнува штрајкот на машиновозачите, кој ќе трае до 29 јануари.

Буенос Ајрес – Штрајк во Аргентина на повик од синдикатите против мерките на претседателот Хавиер Милеи.

Луанда – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во посета на Ангола до 26 јануари.

Купертино, САД – Епл слави 40 години од својот прв компјутер, Мекинтош.

Остани поврзан