МИА Најави - свет
- Тирана - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја почнува западнобалканската турнеја; најавени се разговори со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, а потоа учество на регионалната Инвестициска конференција за Западен Балкан.
13 октомври 2025
Москва - Кремљ е домаќин на првиот Самит на шефови на држави од Арапската лига.
Москва - Министерски состанок на Русија и земјите од Заливот во подготовка за Самитот Русија и арапскиот свет.
Стокхолм - Објавување на добитникот на Нобеловата награда за економија, со што завршува седмицата на објавување на овогодишните лауреати.
Виена - Објавување на месечниот извештај на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).
Бока Чика - Нов пробен лет на мегаракетата „Старшип“ на компанијата „СпејсИкс“, која ја предводи милијардерот Илон Маск.
Пекинг - Почнува дводневниот Глобален самит за положбата на жените, кој ќе го отвори кинескиот претседател Си Џинпинг.
Тирана - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја почнува западнобалканската турнеја; најавени се разговори со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, а потоа учество на регионалната Инвестициска конференција за Западен Балкан.
Тирана - Почнува дводневниот Инвестициски форум ЕУ-Западен Балкан со најавено учество на премиерите на западнобалканската шесторка, министрите за економија од земјите членки на ЕУ и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и други функционери на ЕУ.
Тиват - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по Албанија ја продолжува западнобалканската турнеја со разговори со претседателот и премиерот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и Милојко Спаиќ. ссм/