• понеделник, 29 април 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

16 мај 2023

Рејкјавик - Почеток на дводневниот самит на шефовите на држави или влади на Советот на Европа.

Брисел - Состанок на министрите за финансии на Европската Унија.

Баку - Претседателот на српскиот парламент Владимир Орлиќ престојува во Баку каде присуствува на специјалната седница на Парламентот по повод 100-годишнината од раѓањето на поранешниот претседател на Азербејџан Хејдар Алиев.

Лондон - Меѓународната невладина организација Амнести интернешнал ќе објави годишен извештај за примената на смртната казна во светот.

Кан - Почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан, кој ќе трае до 27 мај.

Остани поврзан