• понеделник, 06 мај 2024
МИА Најави МКД

24 јануари 2024

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје -  Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе ги одржи 13-та и 41-та седница. (Сала „Борис Трајковски“/11:00/11:30)

Скопје - Средба на членовите на Фискалниот совет со Комисијата за финансирање и буџет. (Сала на Уставна комисија/13:00)

Скопје - Продолжува дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ во организација на Владата на Република Северна Македонија. (х.„Александар Палас“)

- Панел 5 - Земјоделство и рамномерен регионален развој - ЕУ можности и перспективи, на кој ќе се обрати  министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. (https://www.youtube.com/watch?v=KrcHiE9X2so/9:00)

- Панел 6 - Република Северна Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина, на кој ќе се обрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. (https://www.youtube.com/watch?v=WxbQRfdxMyU/10:15)

- Панел 7 - Инвестициите во инфраструктурата и во културата – траен влог за идните генерации. (https://www.youtube.com/watch?v=cIRc7cZgz4k/11:30)

Куманово - Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе се обратат на отпочнување на подготвителни активности за градба на логистички и диструбутивен центар на Лидл во земјава во близина на Куманово. (Индустриска зона Речица, https://www.google.de/maps/place/13:30)

Велес - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе присуствува на промоција на доградбата и официјалното отпочнување на функционирањето на сензорната соба во градинката „Димче Мирчев“ во Општина Велес. (ул.„Тодор Јанев“ бр.7/11:00, предвидени се изјави за медиуми)

Велес - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе ја посети Општата болница Велес. (10:30, изјави за медиумите по посетата)

Скопје - Седница на Уставниот суд. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. (Простории на РКЕ/11:30)

Скопје - Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателот на Асоцијацијата на млади претприемачи-ТИМ 40 при Комората Жарко Димитриоски ќе се обратат на промоцијата на „Девет насоки од ТИМ 40“. (Простории на Комората, сала 4, петти кат/12:00)

Скопје - Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов ќе одржи прес-конференција. (Зграда на ССМ/10:30)

Скопје - Центарот за развој на Скопскиот плански регион организира дводневна заедничка прекугранична Конференција за вмрежување и соработка на јавниот и приватниот сектор во областа на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничата област на Србија и Северна Македонија. (х.„Панорамика“/10:00, прес-конференција/13:00)

Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе одржи конференција на тема „Социо-економската сигурност - услов за професионално новинарство“. (х.„Холидеј Ин“/10:00)

Штип - Тимот на Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и Ротари клуб Штип ќе имаат промоција на донирана опрема за потребите на одделението за трансфузиологија. (Регионален центар за трансфузиона медицина/12:00)

Скопје - Прес-конференција на група граѓански активисти кои упатија Барање за гарантирање еколошки параметри во Стратегијата за рударство 2025-2045. (Пред Министерство за економија/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“. (Хол пред кино салата во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“/12:30)

Скопје - Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Здружението за патологија и Македонското здружение за радиологија и онкологија ќе одржат прес-конференицја по повод Недела за превенција од канцер на грлото на матката. (х.„Лимак“/13:00)

Скопје - Изложба на фотографии на Сашо Саракинов. (ГТЦ, Уметнички Центар АРТ ХАБ/19:30)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан