• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави МКД

24 август 2023 

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе се сретне со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД. (Кабинет на претседателот/ 16:00, снимателите и фоторепортерите да пристигнат во 15:30)

Пробиштип - Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе се обратат на пуштањето во употреба на новиот објект „Срничка“ во состав на детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Пробиштип. (линк до локацијата / 11:00)

Велес - Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се обрати на промоцијата на нови 120 подофицери во чин водник и на свечената заклетва на 150 професионални војници. (Касарна „Алексо Демниевски Бауман“/10:00, медиумите да пристигнат на влезот на касарната во 9:40)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе ја посети ординацијата на д-р Марта Тунџева во ПЗУ Д-р К. Атанасов. (ул. „Маршал Тито“ бр.21/11:00)

Скопје – Прес-конференција на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски на која ќе биде презентиран Стратешкиот план на АППТ за 2024 година и Програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2024 година. (Клуб на пратеници/ 11:00 – 13:00)

Скопје - Амбасадата на Украина и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ ќе го одбележат Денот на независноста на Украина со симболичен марш од споменикот „Тарас Шевченко“ во Парк Жена борец  до „Алеја на Украина“ во центарот на Скопје каде ќе се обратат амбасадорката на Украина Лариса Дир, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претседателот на Здружението „Лесја Украинка“ Олександр Урбанович. (9:45 - 10:30)

- Изложба „Деца на војната“ од цртежи од украински деца. (10:15) 

Скопје – Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (на игралиштето „Оливер Соколов Сокол“ во состав на ООУ „Христо Тодоровски Карпош“, на ул. „Орце Николов“ бр. 1/ 12:30)

Струга - Свечено отворање на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. (Плато пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“/20:00)

- Прес-конференција со добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2023 година Влада Урошевиќ. (Конгресна сала на х.„Дрим“/13:30)

Богданци – Завршна изложба на Меѓународната графичка работилница Софија Богданци. (Домот на култура „Бранд Петрушев“/ 19:30)

Скопје – Прес-конференција на Агенцијата за млади и спорт за 8. Меѓународен турнир во ракомет „Миле Нешкоски“ . (Агенција за млади и спорт, осми кат/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на ФК АД Вардар. (Спортска сала „Јане Сандански/ 11:30)

Скопје – Средба со тимот (Media Call) на РК Вардар 1961. (Голема сала во СЦ „Јане Сандански“/ 18:15 – 18:45)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан