• петок, 10 мај 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

7 февруари 2024 

Скопје - Собранието на Северна Македонијаќе ја одржи 140-тата седница. (11:00)

Скопје - Делегација на германскиот Бундестаг - Парламентарна група за соработка меѓу Германија и Југоисточна Европа во посета на Собранието: 

- Средба со претседателот на Собранието Јован Митрески и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова. (Сала на Влада/10:00 - 10:30)

- Средба со претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски и членовите. (Сала на Уставна комисија/10:35 - 11:05)

- Средба со претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми и членовите. (Сала на Уставна комисија/11:10 - 11:40)

-Средба со претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија Антонио Милошоски и членовите. (Сала на Уставна комисија/14:00 - 14:35)

Скопје - Премиерот на техничката Влада Талат Џафери,  министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор Метју Лосон ќе се обратат на инаугуративната седница за формирање на Советот за НАТО активности. (Свечена сала во Владата/11:00, фотографи и снимателите за кратки видео инсерти и фотографии од настанот, пристигнување на медиумите/10:30, не се предвидени новинарски прашања, линк на македонски https://www.youtube.com/watch?v=GWf263B3xOs, линк на албански https://www.youtube.com/watch?v=QIAd3m8qMbk, линк на англиски https://www.youtube.com/watch?v=0OrHCqMWvyI

Охрид - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми ќе ја посетат трасата на автопатот во изградба Кичево-Охрид. (Тргнување од Скопје, пред паркингот на Министерството за транспорт и врски, кај Филхармонија/9:15)

Прилеп - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе ја посети Општата болница со проширена дејност Прилеп. (11:00, изјави за медиуми по посетата)

Прилеп - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе одржи редовен состанок со откупувачите на тутун. (Простории на Тутунскиот комбинат Прилеп/12:30, изјава за медиумите по завршување на состанокот)

Скопје - Царинската управа организира настан „Воведување на национален едношалтерски систем за олеснување на прекуграничната трговија“, на кој ќе се обрати директорот на Царинската управа Стефан Богоев. (х.„Хилтон“/9:30, пристигнување на медиумите/9:20)

Скопје - Седница на Уставен суд. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Евроамбасадорот Дејвид Гир ќе и предаде седум возила за брза помош на Службата за итна помош - Скопје. (Плато пред Итна помош Скопје, до Поликлиника „Букурешт“/12:30)

Скопје - Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија заедно со Здружението на словенечки и македонски претприемачи, Стопанската комора на Северна Македонија, Институтот за стратешки решенија и Спирит Словенија ќе одржат бизнис форум „The water is rising: Running a Business while Managing Crises“. (х.„Мериот“/10:00)

Скопје - Панел-дискусија „Важноста на медиумската саморегулација за унапредување на професионалните стандарди“ во организација на Македонски институт за медиуми. (х.„Холидеј ин“/11:00)

Скопје - Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе се сретне со претставници на здруженијата на пензионери. (Сојуз на здруженија на пензионерите/11:00, изјави за медиумите по завршување на средбата)

Скопје - Прес-конференција на Левица за презентација на претседателскиот кандидат. (Клуб на новинари/11:00)

Велес - Дискусија „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“ во организација на Евротинк - Центар за европски стратегии. (Општинска сала/11:00)

Скопје - Изјава на претставниците на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа и Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија по повод измените на Законот за игри на среќа. (Парк „Жена борец“, спроти Собранието/11:00) 

Свети Николе - Транспаренси Интернешнл Македонија ќе ги промовира своите активности. (Плоштад „Илинден“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на „Градиме иднина“ - Скопје. (Пред МТСП/11:00)

Скопје - Промоција на книгата „Гени, мени, сени (Потеклото на бабите)“ на авторот Владимир Лукаш. (Книжарница „Литература.мк“ на улица „Македонија“/19:00)

Скопје - Изведба на операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало. (Национална опера и балет/ 20.00)

 

_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан