• сабота, 04 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

20 март 2024

Скопје  – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“/ 11:30)

Велес - Техничкиот премиер Талат Џафери во посета на Општина Чашка.

- Посета на ООУ „Петар Поп Арсов" во село Согле (12:00) Локација

- Посета на ООУ „Тодор Јанев" – О. Чашка, каде што после обиколката на објектот се предвидени изјави за медиуми. (12:30)  Локација

- Посета на ООУ „Лириа“ во Долно Јаболчиште, О. Чашка. (13:30) Локација

Стоби – Министерката  за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе го посетат Археолошкиот локалитет „Стоби“. (10:00, изјави за медиуми/10:30)

Скопје – „Едно семејство“ – годишен настан за доделување на признанија на најголемите донатори и поддржувачи на СОС Детско село. (ресторан Рагуза 360/ 13:30)

Штип – Конференција во рамките на меѓународниот проект NEWAWES, во кој учествуваат претставници на универзитети од Португалија, Словачка, Хрватска, како и УГД како претставник од Македонија. (во Тренинг центарот на УГД/ 10:00, изјави за медиумите се предвидени во 9:45)

Штип – Национална конференција „Културното наследство помеѓу туризмот и идентитетот“ во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика – Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. (Земјоделски факултет, Кампус 2, свечена сала/12:30, изјави за медиумите се предвидени во 12:00)

Скопје - Американскиот универзитет на Европа - ФОН со свечена академија ќе одбележи 21 година од основањето. (18:30) 

Скопје - Коалицијата Вреди ќе одржи прес-конференција. (канцеларии на Коалицијата Вреди кај плоштадот „Скендербег“/13:00)

Скопје - Прва „Coface Country Risk“ конференција во организација на „Coface“ и партнерите Сава Осигурување, Интеркредит и адвокатското друштво „Праљак и Свиќ“. (х. Мериот/ 10.30) 

Скопје – Изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – Промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од професорот Иван Џепароски. (Театар Комедија, на малата сцена/ 12:00)

Скопје – „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска – нов воспитно-образовен комплет за почетно читање. (книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/ 13:30)

Битола – Промоција на книгата „Структурата на моќта во Битола“ од Пеце Цветановски. (Офицерски дом/ 20:00)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Како настанува црната“ од Марија Костиќ. (кафе-книжарница „Буква“/ 20:00)

Скопје – Онлајн-предавањето на француско-романскиот автор Матеј Вишниек. (Европска куќа/ 18:00)

Скопје – Саем на мебел „Освежи го својот дом“. (во комплексот на „Борис Трајковски“)     

 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан