• петок, 26 април 2024
МИА Најави МКД

18  април 2024

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура  - СОНК, Јаким Неделков. (Сала за состаноци на СОНК, ул.„Маџир Маало“ бр.36/10:30)

Скопје - Синдикатот на културата на Република Македонија-СКРМ, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија-СОНК и ССМ ќе одржат прес-конференција. (Пред Министерство за култура/11:00)

Скопје - Прв меѓународно акредитиран имплантолошки конгрес во организација Schuetz Dental GmbH од Германија, Велидент Трејд и IMPLA Study Club од Македонија. (х.„Хилтон“)

Скопје - Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје одбележува 25 години постоење. (Public Room, ул. 50 Дивизија 22/19:00)

Скопје - Отворање на Саем на книга 2024 - „Приказна се чита“. (Арената Борис Трајковски/13:00)

Скопје - Отворање на изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски - Новак. (Уметнички Центар АРТ ХАБ/20:00)

Куманово - Отворање на изложбата „Гласна тишина". 

Скопје - Прес-конференција по повод петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“. (Едукативен културен центар „Лабораториум“/11:00)

Скопје - Премиера на документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и продукција на Скопје Филм Студио. (Кино Фросина)

Скопје - Концерт на квартетот “Destiny Quartet“. (Филхармонија/20:00)

Скопје - Македонска студентска културна вечер во организација на Студентското собрание на УКИМ. (Студентски Културен Центр/18:00 - 20:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 

Охрид - Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Охрид. (19:00)

Куманово - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Куманово. (Градски Пазар/10:00, х.„Солун“/11:00, Бруклин кафе бар/12:00, изјава за медиумите, Live stream на fb страната на Maksim Dimitrievski/12:30, р.„Грација“/13:00, централен митинг на Градскиот плоштад, Live stream на fb страната на Maksim Dimitrievski/20:00)

Куманово - Европски фронт во рамки на кампањата за претседателските избори ќе оствари средба со граѓани во Слупчане (16:00), во Матејче  (17:00), во Липково (18:00), и централен митинг (Спортска сала на Средно економско училиште/20:00)

Велес - Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска ќе одржи митинг во Велес на кој ќе се обратат и претседателот на Левица и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов. (во Народнитот театар Ј.Х.К. - Џинот во 19:30) 

Гевгелија - Претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски ќе има средби со граѓани во Гевгелија - изјава кај Матична библиотеја „Гоце Делчев“ (11:00), во Ново Село - изјава кај градскиот пазар (13:00), Струмица - изјава во центарот (15:00).

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024 

Скопје - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира настан по повод означување на почетокот на кампањата за парламентарните избори „Нема откажување од иднината“ на СДСМ и коалицијата за европска иднина каде ќе се обрати претседателот на партијата, Димитар Ковачевски. (Музеј на современа уметност/12:00)

Скопје - Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, заедно со носителот, Фатмир Битиќи, ќе одржат прес-конференција по повод отпочнување на кампањата за парламентарните избори. (Автокоманда, спроти полициската станица/10:30) 

Демир Капија/Гевгелија - Претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратениците ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Демир Капија (18:00) и во Гевгелија (19:30, пренос во живо од митингот во Гевгелија ќе има на официјалните страници на Фејсбук, на профилот на претседателот Димитар Ковачевски и на СДСМ)

Охрид - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, ќе извршат увид на градежни активности во поранешната касарна во Охрид. (изјави за медиуми 12:20)

Скопје - Европскиот фронт ќе оддржи конститутивна седница на победничкото собрание од парламентарните избори на 8 мај 2024, како и инагурација на победникот на претседателските избори Бујар Османи, од страна на новоизбраното собрание. (х.„Александар Палас“/11:00) 

Скопје - Прес-конференција на претседателскиот кандидат Арбен Таравари, како и носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици. (Штаб на Коалиција ВРЕДИ кај плоштадот Скендербег/11:00)

Струга - Коалицијата ВРЕДИ ќе одржи митинг во Домот на културата. (20:30)

_____________________________________________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан