• четврток, 20 јуни 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

29 мај 2024

Скопје - Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска ќе одржи прес-конференција по повод завршувањето на тригодишниот мандат. (Уставен суд / 12:00)

Скопје – Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 488 седница. (Судски совет/ 10:00) 

Скопје – Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ ќе одржи научна расправа на тема: „Макроекономијата по големата рецесија 2007-2009 година“. (МАНУ, во малите сали за седници/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција на ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија. (Во амфитеатарот на УК за државна кардиохирургија/10:00)

Велес – Локална конференција „Велес – Општина посветена на децата, во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“. (Europe House – Велес/ 9:30)

Скопје – Амбасадите на Чешката Република, Унгарија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија  организираат прослава по повод две децении од членство во ЕУ насловена: „Обединети во различноста: Прослава на 20 години од членството во ЕУ“. (Europe House/ 18:30 – 19:00)

Тетово - Претседателот на ДУИ Али Ахмети и лидерите на Европскиот фронт ќе одржат прес-конференција. (Седиште на ДУИ/13:00)

Скопје – Доделување на „Златниот објектив“ за 2024 година на доајенот на филмската уметност Столе Стојан Попов. (во киносалата на Кинотека на Северна Македонија/ 12:00, проекција на филмот „Тетовирање“ (1991) во 20:00)

Скопје – Промоција на новиот албум на Калиопи по повод 40-годишната соработка со Ромео Грил. (Ресторан Воденица Мулино – Вински клуб, бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 69/ 12:00)

Куманово – Шесто издание на ФИЛМАЈ фестивалот за краток филм - Куманово. (Занаетчиски дом – Куманово/ 20:00)

Скопје – „Отскочна даска #3“, преднастан на четвртиот „Скопскиот поетски фестивал“. (кафе-книжарница „Буква“/ 20:00)

Скопје – Изложба: „Низ фотографскиот објектив на Македонида, уметноста на средновековните цркви во Охрид и охридско“ и промоција на веб-страната: „Регистар на средновековни цркви во Охрид и охридско“. (Музеј на Град Скопје/ 19:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан