• недела, 12 мај 2024
МИА Најави МКД

25 јануари 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/12:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правна комисија. (Сала 4/15:00)

Блаце - Првиот заменик на претседателот на Владата, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, ќе го означат завршувањето на градежните работи на државниот пат Скопје – ГП Блаце. (Изјави за медиуми кај кружниот тек пред ГП Блаце/12:00)

Гостивар - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари ќе присуствуваат на отворањето на новата доградба на градинката ЈОУДГ „Детска радост“. (Градинка ЈОУДГ „Детска радост“)

Скопје - Министерот за здравство  Фатмир Меџити, Ерик Мејер, заменик шеф на мисијата на САД во земјава, првиот заменик на претседателот на Владата Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис ќе го отворат Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија. (Клиника за хематологија/11:00, изјави за медиумите по посетата)

Скопје - Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и Министерството за труд и социјална политика организираат Саем на тема „Начини до добро ментално здравје“. (Простории на Студентскиот културен центар/13:00)

Скопје - По повод „27 Јануари“ - Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот, во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница ќе биде отворена изложбата „ Аушвиц - Место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија, втори спрат/19:00)

-По повод еврејскиот празник Ту би Шват (Нова година на дрвото), Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија организира садење на дрва. (Парк пред Меморијалниот центар на холокаустот/12:00)

Скопје - Концерт „Одисеја“ на Филхармонијата со Кристијан Рајф и Афродити Патулиду. (Филхармонија/20:00)

Скопје - Предавање на тема „Иконокластични изведби: Кон агонистичка политика на слики“ на Андреј Мирчев во рамки на осмото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, а во организација на Контрапункт.  (КСП Центар - Јадро/18:00)

Битола - Прес-конференција на НУ Народен театар-Битола. (Мала сала/11:00)

Скопје - Промоција на книгата „Вовед во славистиката“ од Емил Ниами. (МКЦ, Салон Империјал 2/19:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан