• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

28 јуни 2024 

Скопје - Прва седница на Владата на која ќе се разгледува информацијата за зголемување на пензиите. 

Скопје – Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе одржи брифинг со новинарите. (Во просториите на Министерството, поранешна зграда на „Нова Македонија“/ 9:30,  снимателите да пристигнат најдоцна до 9:15)

Солун - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во официјална посета на командата на НАТО корпусот за брзо распоредување со седиште во Солун, Република Грција.

Скопје – Прес-конференција за промоција на првата европска брошура за ендометријален карцином во организација на ЈЗУ УК за Гинекологија и акушерство од Скопје и Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања. (во Амфитеатарот на ЈЗУ УК за Гинекологија и акушерство, кат 3/ 11:00)

Штип – Тркалезна маса и дискусија на тема: „Зајакнување на работничките права на жените и борба против родовата дискриминација во приватниот сектор“ во организација на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“. (х. „Оаза“/ 17:00, пристигнување најдоцна до 16:45)

Скопје – Втор ден од Регионалниот форум со наслов „Постигнувањата ги исцртуваат идните патеки во СНЕ и РРР“ во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). (х. „Мериот“/ 10:00)

Градско – Настан во рамки на „Проект за развој на пчеларството“ во организација на ТИКА. (Градско, с. Курија/ 8:00 – 10:00)

Скопје – Затворање на прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје со улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ерберт“, а на крајот на претставата на фасадата на „Ибни Пајко“ ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен како „Франција во светлина“. (Почетно место Музеј на Град Скопје, потоа низ ул. „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“/ 21:00)

Скопје – Јубилејно издание на изложбата „Фемина 8“,  кураторски проект на Јана Манева-Чупоска во рамки на програмските активности на ДЛУМ и годинашната програма на „Скопско културно лето 2024“.. (Кинотека на Северна Македонија/ 20:00)

Скопје – Изложба  на големите јапонски мајстори за дрворези кои го отсликуваат јапонскиот лебдечки свет УКИЈО-Е од XVII и XVIII век – „Јапонскиот лебдечки свет“. (КИЦ – Скопје, Салон Империјал/ 20:00)

Скопје – Во рамки на Mеѓународниот фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“ ќе биде отворена меѓународна изложба на аналогна фотографија. (Мултимедијален центар „Мала станица“/ 20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан