• четврток, 09 мај 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

20 декември 2023 

Скопје - Седница на Национален совет за евроинтеграции и на собраниската Комисија за европски прашања. (Собрание, Голема купола/11:00)

Скопје - Јавна дебата на тема „(Не)дигитализација на државните универзитети“. (Сала на Уставна комисија/12:00)

Скопје - Средба на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски со  Рон Нехринг, директор на меѓународни програми на Институтот за лидерство на САД. (Собрание, Канцеларија 161/10:00)

Битола - Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми ќе дадат изјави за медиумите по повод пуштањето во употреба на рехабилитираниот регионален пат  Битола - Меџитлија. (во близина на  граничниот премин Меџитлија/11:30, пристигнување на медиумите/11:15)

- Премиерот Димитар Ковачевскиќе ја посети компанијата  „Лакталис“ -Битола, каде по обиколката на производството ќе даде изјава за медиумите. („Лакталис Компанија“- Индустриска бб, Битола)

Скопје - Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе одржи прес-конференција за потписот во Дубаи на Финалниот акт за преземање на позицијата на нашата земја во орбитата. (Влада на Република Северна Македонија, Медија центар/11:00, на македонски https://www.youtube.com/watch?v=ZgZHvaeVElg, на албански https://www.youtube.com/watch?v=MjrdqucbhGY)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик-министерката за здравство Маја Манолева ќе ја посетат Универзитетската клиника за физикална терапија и рехабилитација во Скопје по повод промоција на нов современ апарат за роботска рехабилитација - Lokomat. (10:30, изјави за медиумите по посетата)

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе остварат средба со началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Албанија, генерал-мајор Арбен Кинѓи, кој се наоѓа во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија. (фоторепортери и сниматели за фотографирање и видеоинсерти од церемонијата за пречек со воени почести/9:30, пристигнување во Генералштабот/9:15)

Скопје - Седница на Уставен суд. (Уставен суд/9:30)

Скопје - ТИРЗ и Стопанска комора на Северна Македонија ќе одржат презентација на нов концепт и соработка под мотото „Иднината почнува дома“. (Јавна соба/19:00)

 Скопје - Германскиот институт ХАЈДЕЛБЕРГ (Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL) организира „CHRISTMAS TALKS with HEIDELBERG 2023 (предновогодишни разговори со Хајделберг)“ заедно со АХК - Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија на тема: „Предизвици на стопанството во 2024“. (Heidelberg Faculty of Skopje https://maps.app.goo.gl/keZ8xdN9jpjA6KKd8/12:00-14:00) 

Струмица - Регионална конференција „Улогата на регионалните СОО центри за подобрување на системот за СОО во источниот регион“.  (х.„Сириус“/10:00)

Скопје - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе спроведe симулациска вежба „Управување со жаришта на африканска чума кај свињите кај домашната и дивата популација на свињи“. 

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами ќе даде изјава за медиумите. (Во близина на Маркет „Алда“/11:00)

Скопје - Годишно чествување на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. (Голем амфитеатар/10:30)

Скопје - Јубилејно чествување на делото на значајни македонски преродбеници, во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Институт за македонска литература „Крсте Мисирков“, амфитеатар/12:00)

Скопје - Меѓународниот балкански универзитет ќе одржи настан „Children's Turkish“, како дел од одбележувањето на Денот на турското образование. (Кампус на МБУ, конференциска сала/11:00)

Скопје - Завршен настан на проектот „Ромски младински работници за вибрантно граѓанско општество“ во организација на Ромска асоцијација на жени и млади „Лулуди“ и Здружението на жени Ромки „ОСВИТ“. (Европска куќа/10:30)

Скопје - Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе го претстави извештајот од спроведена евалуација на симулациската вежба „Хуманитарен одговор 2023“. (х.„Хилтон“/12:00) 

Скопје - Изјава за медиумите на граѓанското здружение „НАШИ“ и неформалната организација „Децата пред сѐ“. (Пред просториите на Центарот за социјални работи/14:30)

Скопје - Промоција на делото „Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија“ од професорката, научен истражувач и академски уметник, Анета Светиева. (Институт за етнологија и антропологија при ПМФ/12:00)

Скопје - Промоција на Програмата за лидерство за жени со влијание (WILP). (АудиоКултура/12:00)

Скопје - Промоција на научно-истражувачки проект „Компаративна анализа на општествени состојби и предизвици на Балканот“, организирана од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. (Простории на Институтот/12:30)

Скопје - Промоција на првиот број на студентското списание „In medias res“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. (Филолошки факултет, голем амфитеатар/13:00)

Валандово - Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ и Општина Валандово го организираат третото издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“.  (Дом на културата „25 Mај“/19:30)

Скопје - Изложба „Борко Лазески и Андре Лот“. (Галерија ОСТЕН/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова. (Чифте амам/12:00)

Скопје - Изведба на музичката претстава „Необичен ден“. (Македонски народен театар/20:00)

__________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан