МИА Најави - МКД
- 1 април 2025

1 април 2025
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи две седници. (11:00, 11:15)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:30)
Скопје - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе се обрати на Партнерската конференција „Преобмислување на отпадот – од предизвици до одржливи решенија“ во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и реализиран од SALAR International во соработка со МЖСПП, МЛС и ЗЕЛС. (х.„Хилтон“, сала Платинум 1/10:00, изјави за медиуми во 9:45, пристигнување најдоцна до 9:15)
Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе одржи брифинг со претставници на медиумите. (Министерство за здравство/9:30, изјава за медиумите по брифингот)
Скопје - Брифинг со претседателката на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) Весна Прентоска. (Ресторан FORZA Fusion, бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.3, спроти дирекцијата на Макпетрол – Стара Железничка/10:30)
Скопје - Изложба на карикатури и хумористично-сатирични текстови на карикатуристи и текстописци од редакцијата на Остен и долгогодишни соработници „Еден за сите, сите за никаде!“. (Галерија Остен/19:00)
Стокхолм/Болоња - Соопштување на добитникот на Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ за 2025. (Објавата во живо на веб-страницата: alma.se/en/13:00 по средноевропско време)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***