МИА Најави - МКД
- 12 април 2025

12 април 2025
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Косово Албин Курти ќе го посетат граничниот премин Долно Блаце - Елез Хан, каде стартува системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“. (11:00, новинарските екипи да пристигнат 40 минути пред да почне настанот, предвидена е изјава на премиерот Мицкоски)
Скопје - Трибина „По солидарноста не препознават“ во организација на здруженијата „Превентива“ и „Човекот над профитот“. (Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“/12:00)
Скопје - Настан „Одбројување 100 дена до ЕМОФ“ пред почетокот на Европскиот младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025. („Ист Гејт Мол“/12:00)
Сараево - Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов гостува во Народно позориште - Сараево. (19:30)
Скопје - Единаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #4“, преднастан на петтиот „Скопскиот поетски фестивал“. (Кафе-книжарница „Буква“/20:00)
_________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***