• недела, 12 мај 2024
МИА Најави МКД

17 јануари 2024          

Давос – Претседателот Стево Пендаровски учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум, насловен „Обнова на довербата“.

Скопје – Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија Игли Хасани во прва официјална посета на Република Северна Македонија:

- Пристигнување на министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија Игли Хасани во МНР. (8:45)

- Tет-а-тет средба на министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот Хасани, можност за инсерти. (8:50 – 9:05)

- Билатерална средба на двете делегации, можност за инсерти. (9:05 – 9:35)

- Прес-конференција на министрите Османи и Хасани. (9:40 – 10:00)

- Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе се сретне со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија Игли Хасани. (Собрание, Сала на Влада/ 15:10 – 15:40)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Гостивар Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе ја посети Клиничката болница Гостивар. (изјава за медиумите/ 10:30)

Скопје – Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе се обрати на панел-дискусија посветена на образованието и младите на тема „Младински перспективи: Подобрување на квалитетот на македонското образование преку интеграцијата во ЕУ“. (х. „Александар Палас“/19:00, панел-дискусијата ќе се пренесува и во живо на каналот на Владата на YouТube)

Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи втората седница. (9:30)

Скопје – Шефот на Делегацијата на Европската Унија амбасадорот Дејвид Гир и Методија Димовски, генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија ќе го отворат Саемот за граѓанско општество за презентација на резултатите од 49 успешни иницијативи спроведени во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (ЕУ МГО). (Филхармонија/ 11:00)

Скопје - Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети ќе положи цвеќе на споменикот на Скендербег. (14.00

Тетово - Прес-конференција на Општина Тетово на тема „Образование“. (11:00)

Скопје - Конвенција за промоција на нов претседател на политичката партија Нова Алтернатива Данела Арсовска. (х. „Континентал“, Кристална сала/18:00)

Скопје - Прес-конференција на Европски сојуз за промена. (Канцеларии на Европски сојуз за промена, кај плоштадот „Скендербег“/12:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан