• четврток, 09 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

11 јануари 2024

Скопје - Седница на Собранието на Северна Македонија. (12:00)

Скопје – Седница на Совет на собранискиот канал. (Сала на Уставна комисија/ 10:00)

Скопје – Седници на собраниската Законодавно-правна комисија.(Сала 4/11:00 и 11:10)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за здравство. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 6/12:00)

Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи затворен тематски брифинг исклучиво од областа на надворешната политика. (МНР/10:00-10:45, пристигнување најдоцна до 9:50, инсерти во 10:00, изјава за медиумите во 10:45)

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе потпише договори за стипендирање со студенти од критични специјалности во Армијата. (Министерство за одбрана/12:00, медиумите да пристигнат најдоцна до 11:50 часот, инсерти од потпишувањето на Договорите за стипендирање во 12:10, изјава на министерката Петровска и студентите во 12:15)

Скопје – Државната комисијата за спречување на корупцијата ќе ја одржи 98-та седница. (на платформата ZOOM: https://us06web.zoom.us/j/87565604184?pwd=XuxXs5Gt1prjIKYyJfhtGTHzakbX0q.1  / 10:00)

Скопје - Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе се обрати на поставувањето камен-темелник на градинката „Верверичка“ при ЈДГ „Весели цветови“. (ул. „Ѓорѓи Сугаре“ бр.2, до ООУ „Невена Георгиева - Дуњa“/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Европски сојуз за промена, на која ќе се обрати претседателот на Демократското движење Изет Меџити. (Канцеларии на Европски сојуз за промена, кај плоштадот „Скендербег“/12:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан